24/05/2025
Денес, на празникот на Св. Кирил и Методиј – симбол на знаењето, визијата и истрајноста – со гордост го славиме и нашиот јубилеј. 30 години , не како бројка, туку како приказна. Приказна испишана заедно со нашите вработени, партнери и клиенти.
Благодариме на секој вработен кој ги живее патувањата како сопствена приказна, на нашите партнери кои се нашата стабилност и потпора и над сè Вам,нашите клиенти кои со својата доверба нè инспирирате секој ден да бидеме подобри, посигурни, посовршени. Ви благодариме што нè избирате да бидеме дел од вашите авантури – од првото патување до секое ново враќање со среќа во очите.
Нека празникот не потсети дека секој пат започнува со збор, со идеја, со визија – баш како што пред 30 години започна и нашата успешна приказна.
Честит празник и нека ни е честит роденденот!
Со почит и благодарност,
АтлантиС