„Destinations.mk“ е патувачка заедница која настојува да ги состави елементите на оние кои бараат и на оние кои нудат најразлични услужни дејности. Платформата која заедно ја градиме е отворена просторија во која што сите можат да влезат и учевстуваат, се разбира, секој придонесува да заедно ја постигнеме целта.
Нашата цел е за кратко време да прераснеме во помош за сите кои патуваат во републи
кава, а непречено да ги пронајдат нивните потреби од хотели, мотели, па се до ресторани, кафулиња и итн. Со еден збор „патувачка заедница“ од која корист ќе излекуваат и огласувачите и побарувачите. Но, користа е секундарна цел во целава оваа приказна.
Целата приказна на „Destinations.mk“ започна од нашите проблеми со кои се соочувавме додека патувавме. Постојат еден куп веб портали на кој можеш да најдеш информации на локално ниво, но кога тргнуваш од едната на другата страна од Македонија, не можеш да ги најдеш сите информации синхронизирани на едно место. Тргнувајќи од оваа цел во наредниот период што следува сме спремни да создадеме база на податоци од сите региони од Република Македонија, база во која сите кои се приклучат добиваат посебно место во приказната.
Како новитет на веб платформата www.destinations.mk и социјалната платформа „My Place. My Destinations“ e непрекинливата врска на синхронизиране на нашите сегашни и идни клиенти. Зошто го нарекуваме новитет?!Бидејќи, досега не постои на нашиот пазар, социјален-патувачки огласник на некоја од електронските медиуми каде што имате повеќе простор да ги преставите услугите кои ги нудиде во улога на огласувач, но и креирање на пошироко резиме за секого, што е далеку полесно за оние кои пребарувааат, одеднаш ги имате сите потребни информации на дланка.
Тимот на „Destinations.mk“ во рокот од 1 година, има за цел да ги престави и прошири услугите за огласување и промовирање. Во првото тромесечие ќе ги пласираме и новите олеснувања за пребарувачите, со креирање на најразлични корисни алатки за поголема ефикасност при барање на вашите потреби.