15/10/2026
Благодарност до Македонско еколошко друштво што го избра Мултикултурниот центар за својот настан!
Веруваме дека Вевчани е одличен избор и за вакви собири. А кога ќе завршат работните обврски, тука се нашата природа, традиционалната храна, културата и обичаите што го прават Вевчани посебно.
Се надеваме на уште многу вакви посети!
Мултикултурен Центар "Коста Србакоски" Вевчани
🐾 Што ни кажува телеметријата за социјалниот живот на рисот, инаку познат како самотно животно? Дали сите средби се заради размножување? Дали женките можат да ја прескокнат сезоната на парење?
🐾 Како евроазискиот рис одлучува каде ќе се движи и колку тој избор зависи од достапноста на пленот? Кои се можните сценарија за закрепнување на балканскиот рис во регионот? Како може да се заштити рисот од сообраќајни несреќи и фрагментација на пределите?
👉 Вака некако изгледа научното тематско мени кога на едно место ќе се соберат бројни странски и регионални проучувачи на рисот! А на деветтата средба на „Еуролинкс“ се собраа речиси 90 научници од дури 21 земја! Разговараме и за состојбата на популациите низ Европа, па сè до Хималаите во Непал, за методите на истражување и заштита на рисот и за неговото влијание врз другите предатори.
✨ Неколкуте дена што заедно ги поминуваме во Вевчани, освен што ни носат нови сознанија и многу инспирација, неминовно нè потсетуваат колку е убава научноистражувачката работа и кога наученото ќе се сподели!
🙌 Упатуваме огромна благодарност до мрежата „Еуролинкс“, EuroNatur и Balkan Lynx Recovery Programme, Александра Велкоска и Мултикултурен Центар "Коста Србакоски" Вевчани за несебичната локална поддршка, Драган Стојкоски и Александар Илиески.