LEMON TREE VILLA- е идеално место за вашиот одмор, се наоѓа во строгиот центар на Полихроно, во пешачката зона на улицата која се спушта кон морето, на околу 60 м од плажата. Во непосредна близина на вилата има многу таверни, ресторани, пекари, продавници за сувенири... Веднаш до него е ресторанот ,,Бисера” каде што може да се организира појадок за гостите. Улицата води до прекрасната централна гр
адска плажа, која е претежно песочна. LEMON TREE VILLA располага со двокреветни студија и четворокреветни апартмани . Двокреветните студија се на прв кат со тераси свртени кон улицата со страничен поглед кон морето, додека четворокреветните апартмани се од внатрешната страна со поглед на двор, на приземје и на спрат.
Ве очекуваме.