turnimedakinisam.mk

turnimedakinisam.mk Tour Guide

16/02/2024

јули 26, 2023ПД Смрека – Клисура & Извори на Реката Пена – с. Бозовце (Шара)

Како да избегнеме средба со мечка? Што да правиме доколку видиме мечка во наша близина? Што доколку мечката нападне? Про...
19/12/2023

Како да избегнеме средба со мечка? Што да правиме доколку видиме мечка во наша близина? Што доколку мечката нападне? Прочитајте👇

Средбите со мечки на планините се ретки, но што треба да направам ако наидам на кафеава мечка? Неколку практични совети.

Ни доаѓа есен, а есента е едно од најубавите годишни времиња за во природа, пааа затоа решивме да ви помогнеме на вас ро...
15/09/2023

Ни доаѓа есен, а есента е едно од најубавите годишни времиња за во природа, пааа затоа решивме да ви помогнеме на вас родителите, заедно да ги мотивираме децата и одењето на планина да им стане љубов🥰како??
👇

STAY TUNED…😇
#турнимедакинисам #мотивација #планина #малипланинари

Let’s go campinggg💚😃🎬⛺️Втора година по ред одбираме камп одмор и за сега се нашите најубави летни одмори❤️Овој концепт н...
18/08/2023

Let’s go campinggg💚😃🎬⛺️

Втора година по ред одбираме камп одмор и за сега се нашите најубави летни одмори❤️

Овој концепт на летување треба да ви лежи, пред сѐ да сакате природа и слобода и да сте сосема ок со фактот да сте цел ден под отворено небо🩵Можеби некои и не се свесни дека целосно им одговара ваков тип на летен одмор.

Па, ајде да видиме…

⛺️Прво зошто да одберете кампување?😍

〰️Супер шанса да поминете квалитетно време со семејството и тоа без телефони🫣. Можност за поврзување со природата. Децата учат важни животни вештини, тимска работа и самостојност. Мијат чинии, готват, прават скара… Кампувањето ги стимулира да излезат од својата комфор зона и да се развива креативноста преку игри и забави. Овие моменти создаваат незаборавни спомени и искуства кои децата ќе ги помнат целиот живот.

⛺️Како да се подготвиме за кампување?🤔

〰️Ова е најтешкиот дел, да да..😏Мора да сте многу добро организирани- штосот е во доброто планирање: СПИСОК и обележување што каде се наоѓа! Pinterest е супер потсетник што сѐ од ситници треба да понесете.

⛺️Каде ќе спиете?

〰️Одберете го правиот шатор за вас. Треба да е лесен и лесно да се склопува, а сепак да имате простор сите да спиете комфорно во него.
Decathlon е супер опција за камп опрема!

〰️Вреќа за спиење за секого. Одберете квалитетни вреќи за спиење. Колку и да е топло, вечерите знаат да бидат постудени или да заврне. Ако имате шатор кој го користите веќе неколку години испрскајте го со средство за импрегнација за да ги задржи водоотпорните својства.

〰️Подлоги/душечиња за спиење и перничиња на дување. Може да имате и специјални кревети на склопување.

〰️Камп маса и столчиња на склопување

⛺️Што ќе јадете?

〰️Камперска кујничка со решо или плинско и секако прибор, пластични чинии, тенџерче и сл.
Може да си готвите, или да јадете во локалните ресторани.

〰️гардероберче на склопување (не е неопходно)

〰️осветлување внатрешно и можеби амбиентални светилки за надвор

〰️ Ние си ги носиме точаците и опремата за сноркање😃

Ова се основните придобивки и основната опрема која би ви била потребна за една убава летна камп приказна❤️
😘

Сите убави места на планетава се далеку, скриени, зад ридови и планини како Господ да сакал да ги зачува само за себе😇Та...
24/07/2023

Сите убави места на планетава се далеку, скриени, зад ридови и планини како Господ да сакал да ги зачува само за себе😇

Такво е селото Гари, кое го посетивме викендов заедно со цела екипа деца и наши пријатели и поминавме викенд на планина без телефони! 🙌 Неверојатно, ама вистинито😄

Селото Гари е мијачко село во општина Дебар, сместено на падините на планината Стогово, низ кое минува преубавата Гарска Река.
На нашиот блог ќе најдете повеќе патеки кои тргнуваат од с.Гари, живописни планински предели кои одземаат здив.
Направивме тура од 5км прилагодена за најмали и поголеми деца, која минуваше до Гарска река, водопадот, преку крстот, па сѐ до игралиштето Браненица, познато на децата кои го минуваат таму летото на чист воздух.

Гари е одлично прибежиште за овие летни топли денови, каде во попладневните часови ќе си облечете по некое дуксерче😊

Ајде сите на планина!💚
#турнимедакинисам #ајдеситенапланина #планина #гари #стогово

17/07/2023

❗️

Address

Hvar

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when turnimedakinisam.mk posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to turnimedakinisam.mk:

Share

Category