27/10/2020
🇲🇰 Минатиот викенд го искористивме за посета на водопадот крај изворите на реката Бабуна.
Патот до таму од Скопје води преку автопатот „Пријателство“ (Е75) кон Велес и по пат има навистина интересни нешта кои го привлекуваат вниманието, а вредат за одвоеното време. Возејќи покрај реката Пчиња, направивме кратка фото-пауза на висечкиот мост кој автопатот г поврзува со селото Кожле. (мал совет: доколку не сте биле а, имате намера да се симнете на мостот, подгответе се за многу многу скали ). Инаку, самото село Кожле е исто така интересно за прошетка и низ него можат да се забележат стари ѕидани куќи, како и да се посети камената црква Св. Спас во чиј двор се наоѓа вечното почивалиште на поетот и книжевник Гане Тодоровски. Во близина на селото високо над реката се издигнува кулата Кастел над Пчиња (Маркови Кули) кој мора да се напомене дека не е обезбеден за посета. Понатаму, патот продолжува преку с. Согле кон с. Богомила каде што пак застанавме да ја разгледаме старата селска архитектура, спомент куќата на револуционерот Петар Поп-Арсов и стариот римски мост. Патувањето го продолживме кон селото Нежилово и искачувајќи се по живописниот планински пат на Јакупица од кој се пружа воодушевувачка глетка кон белите масивни карпи на Солунска Глава. Патот за теренските возила завршува пред тесната пешачка патека која води кон изворот на реката Бабуна и прекрасниот тиркизен водопад. Пешачењето кон водопадот трае околу половина час.
Денот го завршивме со поглед од височините на с. Папрадиште.
🇬🇧 Off road trip to Babuna Waterfall and the local villages.