Kuka AMIKA - smestuvanje Berovo

Kuka AMIKA - smestuvanje Berovo Идеално место за одмор и дружење со вашите пријатели.

На самиот влез во градот Берово се наоѓа куќата АМИКА којашто како вистинска пријателка ќе ви овозможи мирен и релаксиран престој, а притоа со својата блискост до центарот на градот ќе ви овозможи да ѕирнете во ноќниот живот и наредното утро да ја почувствувате беровската кафе-шема.
Куќата АМИКА е пространа и овозможува престој за 12 лица. Располага со 4 трокреветни соби секоја со посебна бања, ТВ

и интернет. На располагање се 2 комплетно опремени кујни со трпезарија и заедничка просторија за дневен престој со кабелска телевизија, музички систем и интернет. Зелената површина во пространиот двор долж целата куќа само уште повеќе го прави релаксиран вашиот престој. Во комбинација со звуците на природата и чистиот воздух оваа средина ве прави исполнети, релаксирани и одморени.
Во зима кога се наоколу е бело, градот Берово нуди можност за прекрасни зимски прошетки и лизгање со санки за помладите. А, во летото кога топлиот асфалт испарува во главниот град, во Берово можете да уживате во чистиот и свеж воздух. Токму така, во дворот на нашата “пријателка” има поставен подвижен базен за разладување во топлите денови кој што во комбинација со чистиот воздух ве прави исполнети, смирени и ви ја дава потребната енергија.
А доколку сакате да пробате здрави и органски мармaлади, сокови, слатка и компоти претежно од шумски плодови, тогаш можете во внатрешноста на куќата да најдете и Мени и контакт од добро проверен производител на овие производи и вистински да го почувствувате вкусот на природата.

Ве очекуваме.
Вашата пријателка Амика.

Address

Berovo
2330

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Kuka AMIKA - smestuvanje Berovo posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share