Т.А. Караџа Турс

Call Directions Website Contact the business

Т.А. Караџа Турс Turisticka agencija Bitola Macedonia Travel Agency Summer Winter ticket

БУКУРЕШТ И ТРАНСИЛВАНИЈАТермин: 04-07.12.2026​Божиќниот пазар во Букурешт е само една од причините зошто вреди да се пос...
10/11/2026

БУКУРЕШТ И ТРАНСИЛВАНИЈА
Термин: 04-07.12.2026
​
Божиќниот пазар во Букурешт е само една од причините зошто вреди да се посети главниот град на Романија во зима. Букурешт за време на Божиќ е неверојатен, вистинска бајка. Малите дрвени куќички во кои се продава храна сувенири и греено вино поставени низ целиот град, како и празничните песни што можете да ги слушнете насекаде и светлата што го украсуваат градот го прават Букурешт спектакуларен. Времето во Декември е исто така прилично добро, температурата не е толку екстремна како што може да ги достигне во другите европски градови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189 €
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 149 €

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Автобуски превоз
- 2 Ноќевања со појадок во хотел 3*
- Разглед на градот Букурешт со водич
- Туристички придружник за време на целиот престој

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Факултативен излет „Трансилванија“ : Посета на замокот Пелеш со вклучена влезница и посета на местото Бран со истоимениот Замок на Дракула( Влезницата за замокот не е вклучена. Цената за возрасни 100леи/19€ за студенти 50/9€) и посета на градот Брашов (со превоз и пратител) – возрасни 65€ - студенти 55€
- Факултативна посета на Термалните бањи во Букурешт (45 евра превоз и влезница за бањите со користење на сите простории за 3 часа.)
- Вечерна посета на стариот дел од градот- 5€
*Секој патник при уплата ЗАДОЛЖИТЕЛНО се изјаснува за посетата. Во случај да се изјасни дополнително а нема слободни влезници, агенцијата не превзема одговорност
- Доплата за еднокреветна соба 60 евра за двете вечери.
- Патничко осигурување.
- Туристичка такса 5€ по лице се плаќа во автобус.

ПРВ ДЕН - 04.12.2026 (ПЕТОК) БИТОЛА - БУКУРЕШТ
Состанок на групата на Спортска Сала во Битола во 16:45 часот. Поаѓање кон Романија во 17:00 часот. Ноќно возење преку Бугарија до Романија.

ВТОР ДЕН - 05.12.2026 (САБОТА) БУКУРЕШТ
Очекувано пристигнување во утринските часови во Букурешт по што веднаш се започнува со разглед на градот:Парламентот, Плоштадот на Револуцијата, Calea Victoriei, Куртија Веке. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Вечерна организација: Организирана факултативна посета на Божиќен Маркет, со организиран превоз и придружник. Враќање во хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН - 06.12.2026 (НЕДЕЛА) ПЕЛЕШ - БРАН - БРАШОВ
Појадок. По појадокот се упатуваме на факултативен излет кон Трансилванија. Посета на преубавиот замок Пелеш, замокот Бран и магичното гратче Брашов.

Пелеш
Во прекрасниот планински пејзаж на Карпатите е сместена една од најдобро зачуваните Кралски палати, на постоечка средновковна патека помеѓу Трансилваниа и Влашка, изградена во Нео-ренесансен стил- грандиозната палата на замокот Пелеш. Изградена да служи како летна резиденција на првиот Романски крал, е комбинација од различни класични Европски стилови, воглавно ја следи италијанската елеганција, германската естетика и ренесансните линии. На 3,200 квадратни метри површина се простираат 30 купатила и 170 соби уредени и категоризирани по стил или по одредена светска култура, а во нив, галерии, библиотеки,канцеларии. Самиот дворец поседува една од најубавите колекции на уметност во Источна и Централна Европа составена од статуи, слики, оружје, мебел, сликано швајцарско стакло,таписерии, кинески порцелан... Преку 6,000 парчиња кои ви го одземаат здивот.

БРАН “домот на Дракула”Бајковитиот замок Бран, според легендарниот роман на Брам Стокер – домот на Дракула. Историски замокот прв пат е користен за одбрана против Отоманската империја, а подоцна станал место за царина на планинскиот премин помеѓу Трансилванија и Валахиа(Влашка). Владетелот и воин Влад Цепеш, никогаш не живеел во овој замок, но се верува дека во времето на контрола од Отоманската империја, поминал два дена затворен во занданите на замокот. Од 1920год. замокот станува Кралска резиденција и дом на Кралицата Мари, чија ќерка го наследила за подоцна да биде превземен од комунистичкиот режим. По новите воведени закони во 2006, Романската Влада одлучила да му додели сопствеништво на замокот на Тосканскиот принц и војвода од Австрија – Доминик Вон Хапсбург, кој по дилемата да го продаде, се одлучил да го создаде денешниот музеј – посветен на темната легенда за Дракула, митовите, интригите историјата и магијата на ова место.

Брашов
Лоциран во централна Романија. Брашов уште се нарекува и "Градот на Саксонците" и е еден од нејзините најголеми градови опколен со јужните Карпати.Стариот град како дел од Брашов е еден од најдобро зачуваните во цела Европа и несомнено вреден да се истражи. Фантастичната архитектура ја пренесува историјата и влијанијата од Германија, Австрија, Унгарската империја и старата комунистичка држава. Основан е од тетонските витези и развиен од Саксонците, познати ракотворци, кои ги издигнале тврдините на градот, неодамна обновени од Унеско. Градот има најмалку два влеза/ порти кои сеуште постојат. Центарот е најзабележлив по маркантната поранешна административна зграда, Casa Sfatului, плоштадот кој ја опколува како и една од најстарите куќи, Хиршер Хаус, сопствеништво на богат трговец. Во близина ќе ја посетиме и Црната Црква, за која некои тврдат дека е најголемата црква изградена во готско-ренесансен стил во Југо-Источна Европа. На нејзино место постоела друга црква уништена од Монголската инвазија во 1242 год. Враќање во хотелот во Букурешт. Ноќевање.

ПОСЛЕДЕН ДЕН - 07.12.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) ТЕРМАЛНИ БАЊИ - БИТОЛА
Појадок. Напуштање на хотелот. Околу 10:00 часот факултативно заминување кон Термалните Бањи кој се наоѓаат во Северниот дел на Букурешт на само 30 км од ценарот на градот. Дозволете си едно поинакво утро и 3 часовно целосно опуштање во Термалните Бањи. Располага со 9 базени со термални води, 6 сауни, 4 парни бањи и 16 лизгалици на вода.Во склоп на самата бања има прекрасна ботаничка градина со преку 800.000 илјади растенија, вклучувајќи ги и 1,500 палми, многубројни орхидеи и многу други уникатни видови на растенија. Идеално место за да избегнете од секојдневниот градски живот. За сите останати што нема да ги посетат Термалните бањи имаат слободно време во трговскиот центар. Поаѓање за Македонија во договорено време со водичот. Очекувано пристигнување во Битола во раните утрински часови на 08.12.2026 (вторник).

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Деца до 2.99г. во придружба на две возрасни, плаќаат само за превоз 50 евра (не користат легло)
- Деца од 3 до 11,99г. -плаќаат полна сума ( добиваат попуст само на факултативите)

НАПОМЕНА:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
- Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
- Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
- Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
- Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.

047236628
075342757
www.karadzatours.com

🔥 ULTRA FLASH SALE – ИСТАНБУЛ! 🇹🇷✨ ИСТАНБУЛ – БУРСА – ПРИНЦЕВИ ОСТРОВИ📅 04–08.12.2026🚌 5 дена / 3 ноќевања со појадок💥 П...
10/11/2026

🔥 ULTRA FLASH SALE – ИСТАНБУЛ! 🇹🇷
✨ ИСТАНБУЛ – БУРСА – ПРИНЦЕВИ ОСТРОВИ
📅 04–08.12.2026
🚌 5 дена / 3 ноќевања со појадок
💥 ПРОМО ЦЕНА: САМО 145 €!
редовна цена 169 евра

🌉 Откријте го магичниот Истанбул, историска Бурса и прекрасните Принцеви Острови!

⚡ Ограничен број места – искористете ја промо цената и резервирајте навреме!

📞 047 236 628 | 075 342 757

🎆 НОВА ГОДИНА  САРАЕВО – МОСТАР – ВИШЕГРАД! 🇧🇦Дочек на Новата 2027 година во магичното Сараево! ✨Доживејте незаборавна н...
10/11/2026

🎆 НОВА ГОДИНА САРАЕВО – МОСТАР – ВИШЕГРАД! 🇧🇦
Дочек на Новата 2027 година во магичното Сараево! ✨

Доживејте незаборавна новогодишна авантура низ Босна и Херцеговина, со посета на некои од нејзините најубави места:
📍 Сараево – градот на различните култури и традиции
📍 Јабланица и Мостар – легендарниот Стари мост и волшебната Неретва
📍 Босанските пирамиди и тунелот Равне
📍 Вишеград и познатиот Мост на Дрина
📍 Андриќград – уникатен град на каменот и уметноста

📅 30.12.2026 – 03.01.2027
💶 ПАКЕТ АРАНЖМАН:
Хотел 3★ – 129 €
Хотел 4★ – 149 €

🚌 Автобуски превоз, 2 ноќевања со појадок, разглед на Сараево со локален водич и туристички придружник.
🎉 Можност за организиран новогодишен дочек во Мостар со Жељко Самарџиќ или Петар Грашо!

⏳ Промо цените важат до 25.11.2026 или до пополнување на местата!
🥂 Започнете ја 2027 година со нови доживувања, прекрасни спомени и добра дружба!
Резервирајте го вашето место навреме!

047 236 628
075 342 757

ВИШЕГРАД - САРАЕВО - МОСТАР -КОЊИЦ - ЈАЈЦЕ - ТРАВНИК – ТРЕБИЊЕ  за  8 ДЕКЕМВРИ  1 ден 04.12.2026  Состанок на групата во...
06/11/2026

ВИШЕГРАД - САРАЕВО - МОСТАР -КОЊИЦ - ЈАЈЦЕ - ТРАВНИК – ТРЕБИЊЕ за 8 ДЕКЕМВРИ

1 ден 04.12.2026 Состанок на групата во 19:00 часот и заминување за Мостар преку Албанија, ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2 Ден 05.12.2026 Пристигнување воТребиње и разглед на Стариот град Требиње. Околу пладне поаѓање за Мостар. Пристигнување во Мостар во пладневните часови . Сместување во хотел. Разглед на Стариот дел на градот со локален водич и слободно време . Вечерта време за слободни активности. Ноќевање.

3 Ден 06.12.2026 Доручек. По доручекот одјавување од хотелот. Слободно време во Мостар околу 2 часа и поаѓање за Сараево . Попатна посета на Јабланица и Мостот на Неретва – кратко застанување и околу 12 00 часот пристигнување во Коњиц. Посета на Титовиот Бункер. По посетата заминување за Сараево. Сместување во хотел. По времето за одмор средба со локален водич и панорамски разглед на Сараево и пешачка тура. Слободно време. Враќање во хотелот по договор. Ноќевање.

4 Ден 07.12.2026 Доручек. По доручекот ФАКУЛТАТИВЕН ЦЕЛОДНЕВЕН ИЗЛЕТ до ТРАВНИК И ЈАЈЦЕ. Травник — град и општина во Босна и Херцеговина, 90 километри западно од Сараево. Травник е главен град на Среднобосански кантон, и се наоѓа во Општина Травник. Својата култура градот ја засновува врз основа на времето кога градот бил седиште на локалната самоуправа во Отоманското Царство. Бројни џамии и цркви постојат во регионот, како и гробници на важни историски личности и кои претставуваат одлични примери на Отоманската архитектура. Музејот на градот, изграден во 1950 година, е еден од повеќето импресивни културни институции во регионот. Травник станал познат од страна на важни личности кои се родени или живееле во градот. Најважните од нив се Иво Андриќ (писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 1961 година), Мирослав Чиро Блажевиќ (фудбалски тренер), Јосип Пејаковиќ (актер), Сеид Мемиќ (поп-пејач) и Давор Џалто (уметник и историчар на уметноста). Потоа се упатуваме кон Јајце -мал град во Босна и Херцеговина, централен не само географски туку и културолошки. Низ долгата историја на Босна, Јајце бил дом на средновековните кралеви, отомански гувернери и низа различни етнички групи, како и едно од најраните комунистички упоришта на претседателот Тито. Jaјце е и единствениот град кој има водоопад во центарот. Враќање во Сараево. Ноќевање.

5 Ден 08.12.2026 Доручек . По доручекот заминување за Баш чаршија. Слободно време околу 2 часа и заминување за Вишеград. Пристигнување во Вишеград во пладневните часови. Можност за факултативно крстарење по Дрина- од мостот на Дрина до Камен град. По посетата на Вишеград и Андриќ град заминување за Македонија.

​ПРОМО ЦЕНА: 160 евра
РЕДОВНА ЦЕНА 190 евра

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
- Превоз на дадената релација
- 3 ноќевања со доручек во хотели со 3 или 4 ****
- Организација и водство на групата
- Лиценциран придружник за време на целото патување
- Локален водич Мостар и Сараево

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Туристичка такса 9 евра за 3 дена
- Влезници за Титовиот бункер 25 евра
- Факултативна посета на Травник и Јајце (превоз + локален водич + влезници) = 65 евра
- Крстарење по Дрина 10 евра
- Влезница за Босански Пирамиди 10 евра

047 236 628
075 342 757

🎆 НОВА ГОДИНА  САРАЕВО – МОСТАР – ВИШЕГРАД! 🇧🇦Дочек на Новата 2027 година во магичното Сараево! ✨Доживејте незаборавна н...
06/11/2026

🎆 НОВА ГОДИНА САРАЕВО – МОСТАР – ВИШЕГРАД! 🇧🇦
Дочек на Новата 2027 година во магичното Сараево! ✨

Доживејте незаборавна новогодишна авантура низ Босна и Херцеговина, со посета на некои од нејзините најубави места:
📍 Сараево – градот на различните култури и традиции
📍 Јабланица и Мостар – легендарниот Стари мост и волшебната Неретва
📍 Босанските пирамиди и тунелот Равне
📍 Вишеград и познатиот Мост на Дрина
📍 Андриќград – уникатен град на каменот и уметноста

📅 30.12.2026 – 03.01.2027
💶 ПАКЕТ АРАНЖМАН:
Хотел 3★ – 129 €
Хотел 4★ – 149 €

🚌 Автобуски превоз, 2 ноќевања со појадок, разглед на Сараево со локален водич и туристички придружник.
🎉 Можност за организиран новогодишен дочек во Мостар со Жељко Самарџиќ или Петар Грашо!

⏳ Промо цените важат до 25.11.2026 или до пополнување на местата!
🥂 Започнете ја 2027 година со нови доживувања, прекрасни спомени и добра дружба!
Резервирајте го вашето место навреме!

⛰️ ПЕТРАЛОНА-АНО ПОЛИ (СОЛУН)🗓 15.11.2026 – НЕДЕЛАЕден ден, две прекрасни доживувања! ❤️Откријте ја мистериозната Пештер...
06/11/2026

⛰️ ПЕТРАЛОНА-АНО ПОЛИ (СОЛУН)
🗓 15.11.2026 – НЕДЕЛА

Еден ден, две прекрасни доживувања! ❤️
Откријте ја мистериозната Пештера Петралона – Црвени Стени, една од најпознатите пештери во Грција, а потоа уживајте во шармантниот стар дел на Солун – Ано Поли.

✨ Во Ано Поли ќе имате слободно време за прошетка и посета на:
🏰 Једи Куле / Хептапиргион
⛪ Манастир Влатадон
🏠 Спомен-куќата на Ататурк
🌊 прекрасните панорамски погледи кон Солун и Егејското Море

💰 ЦЕНА: 1.650 ДЕНАРИ!

✅ Во цената е вклучено:
• Автобуски превоз
• Организација и водство на групата

❌ Не е вклучено:
• Влезница за пештерата Петралона
• Лични трошоци и сè што не е наведено во програмата
🚂 Туристичкиот воз во Петралона: доплата 3 €

📞 РЕЗЕРВАЦИИ:
047 236 628
075 342 757 📲 Viber / WhatsApp

ИНТЕРХОТЕЛ САНДАНСКИ 4★📅 05–08 ДЕКЕМВРИ 20263 ноќевања со појадокЦЕНИ:🔹 Двокреветна соба со помошен кревет – 410 €За 2 в...
06/11/2026

ИНТЕРХОТЕЛ САНДАНСКИ 4★
📅 05–08 ДЕКЕМВРИ 2026
3 ноќевања со појадок

ЦЕНИ:

🔹 Двокреветна соба со помошен кревет – 410 €
За 2 возрасни или 2 возрасни + 1 дете (0–3,99 г.)

🔹 Супериор соба – 495 €
За 2 возрасни + 1 дете (4–11,99 г.) или 2 возрасни + 2 деца (0–3,99 и 4–11,99 г.)

🔹 Студио – 595 €
За 2 возрасни + 1 дете (12–15,99 г.) или 2 возрасни + 2 деца (0–3,99 и 12–15,99 г.)

♨️ ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
✔️ 3 ноќевања со појадок
✔️ Затворен минерален базен – 33°C
✔️ Отворен минерален базен – 33°C
✔️ Отворен термален базен – 38°C
✔️ Сауна и парна бања
✔️ Фитнес центар
✔️ Лежалки и пешкири покрај базените
✔️ Детско катче со аниматор
✔️ Бесплатен Wi-Fi и паркинг
✔️ Сеф на рецепција
✔️ Туристичка такса

📞 РЕЗЕРВАЦИИ И ИНФОРМАЦИИ:
047 236 628
📱 075 342 757 (Viber / WhatsApp)

ПОСЛЕДНИ МЕСТА ЗА БУДВА ЗА НОВА ГОДИНА!!!109 ЕВРА ПО ЛИЦЕ со ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ *цената важи до пополување на расположливите...
05/11/2026

ПОСЛЕДНИ МЕСТА ЗА БУДВА ЗА НОВА ГОДИНА!!!
109 ЕВРА ПО ЛИЦЕ со ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ
*цената важи до пополување на расположливите капацитети *

БУДВА
1. Ден 30.12.2026 Поаѓање во 23:00 часот од Спортска Сала - Битола. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
2. Ден 31.12.2026 Пристигнување во Будва во утринските часови. Слободен ден за прошетка низ Будванската ривијера, пропратени со разни звуци во стариот дел од градот, можност за шопинг во многубројните дуќани во Будва (индивидуално). Сместување во апартмани. Вечерта предвидена забава и дочек на новата 2027 година на плоштад во Будва со познати музички звезди (индивидуално) – дочек со популарната звезда ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИК. Ноќевање.
3. Ден 01.01.2027 Заминување за факултативен излет до Дубровник преку Тиват со траект и разгледување на стариот дел од Дубровник, можност за уживање на прекрасната панорама во Старата Тврдина на Дубровник. Враќање кон Будва. Забава на плоштад (индивидуално)-во Будва. Забава во БАР (факултатива) –со познатата звезда ДИНО МЕРЛИН. Забава во ТИВАТ (факултатива) –со познатата звезда Јаков Јозиновиќ. Ноќевање.
4. Ден 02.01.2027 Одјавување од апартманите. Поаѓање за Котор, разглед на еден од најубавите градови на Црногорското приморје, прошетки во стариот дел од градот. Потоа се упатуваме до градот Тиват и Порто Монтенегро. Во договорено време состанок со групата и поаѓање кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

ПРОМО ЦЕНА: 109 €
Редовна цена: 129 €
​
Во цената е вклучено:
- Превоз на наведената релација со туристички автобус
- 2 ноќевања во апартмани во Будва
- Организација и водство на патувањето
- Пратител на групата за време на целото патување

Во цената не е вклучено:
- Дубровник – 45 €,
- Котор и Тиват, Порто Монтенегро – 25 €
-Факултатива за 01.01.2027 Бар, забава со Дино Мерлин=15 €
-Факултатива за 01.01.2027 ТИВАТ, забава со Јаков Јозиновиќ=10 €
- Здравствено-патничко осигурување
- Туристичка такса 2 евра по лице на ден

Главни музички настапи на отворено (Дочек 2027)
• Будва (Трг сликара):
• 30 декември: Никос Вертис
• 31 декември (Новогодишна ноќ): Жељко Јоксимовиќ

• Котор (Трг од оружја):
• 31 декември: Здравко Чолиќ
• 1 јануари: Дорис Драговиќ

• Бар (Плато СЦ Тополица):
• 31 декември: Сека Алексиќ (организирани тури со превоз нудат македонски агенции како Ana Tours International)
• 1 јануари: Дино Мерлин

• Тиват (Градска Рива Пине):
• 30 декември: Пеѓа Јовановиќ
• 31 декември: Цеца Ражнатовиќ
• 1 јануари: Јаков Јозиновиќ
• 2 јануари: Мирза Селимовиќ

047 236 628
075 342 757

☀️ ЛЕТО 2027 – РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА! 🌊🏖️ HANIOTI GRAND OTEL 4★ – ХАНИОТИУживајте во летниот одмор во прекрасниот Ханиоти, во...
04/11/2026

☀️ ЛЕТО 2027 – РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА! 🌊

🏖️ HANIOTI GRAND OTEL 4★ – ХАНИОТИ

Уживајте во летниот одмор во прекрасниот Ханиоти, во хотел лоциран на самиот морски брег, на неколку чекори од центарот, рестораните, кафулињата и продавниците.

✨ Предности на хотелот:
Одлична локација покрај море
Базен и ресторан
Климатизирани соби со балконДетско игралиште
Wi-Fi интернет и паркинг

🍽️ Услуга: ПОЛУПАНСИОН
🌙 6 ноќевања / 7 дена

🔥 ПРОМО ЦЕНИ ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА!

📅 13.06. – 19.06.2027
2 лица – 536 €
2 возрасни + 2 деца до 11,99 год. – 680 €

📅 20.06. – 26.06.2027
2 лица – 680 €
2 возрасни + 2 деца до 11,99 год. – 850 €

📞 Резервации и информации:
047 236 628
075 342 757 (Viber / WhatsApp)

Призрен-Клокот-Урошевац✨ Опуштете се и обновете ја енергијата во врвниот велнес центар на Балканот – Hotel Gallery Therm...
04/11/2026

Призрен-Клокот-Урошевац
✨ Опуштете се и обновете ја енергијата во врвниот велнес центар на Балканот – Hotel Gallery Thermo Mineral & Spa, Клокот! ✨

📅 Термин: 05.12 – 07.12.2026 година (2 ноќевања)
Цена: 165 евра

Што е вклучено во пакетот за 165€?
• 🏨 2 ноќевања во луксузните соби на Hotel Gallery
• 🍽️ Полупансион – Вкусен појадок и вечера
• 🚌 Вклучен повратен превоз со поаѓање од: Битола, Прилеп, Дреново, Велес и Скопје
• 💆‍♂️ Неограничено користење на Spa & Wellness центарот: лековити термални минерални базени, сауни, турска бања, јакузи и фитнес центар
🌟 Спој на здравје и луксуз

Бањата Клокот е надалеку позната по своите лековити термоминерални води кои помагаат при стрес, замор и регенерација на организмот.
Хотелот Галери ги нуди сите услови за совршен зимски викенд-препород.

Бројот на седишта во превозот е ограничен!
📞 Информации и резервации: [047 236 628 или 075 342 757]
🌐 Повеќе детали на: www.karadzatours.com

Address

Nikola Tesla 18
Bitol
7000

Opening Hours

Monday 10:00 - 18:00
Tuesday 10:00 - 18:00
Wednesday 10:00 - 18:00
Thursday 10:00 - 18:00
Friday 10:00 - 18:00
Saturday 10:00 - 13:30

Telephone

+38975342757

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Т.А. Караџа Турс posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Т.А. Караџа Турс:

Share

Category


Other Travel Services in Bitol

Show All