24/04/2023
Завршна презентација од проектот ,,Одговорни пред одговорностите” во Делчево. (04.04.2023)
-Ова е една од завршните презентации од проектот ,,Одговорни пред одговорностите” поточно иницијативата ,,Го сакам Голак”. Тоа не значи дека е крај, туку еден нов почеток на одржан континуитет на нашата иницијатива на нашите планови и на нашите заложби, а тоа е да допринесеме кон ревитализација на Голак. Знаеме што значи Голак за нас, во изминатиот период направивме повеќе иницијативи, во чии рамки имавме урбана масовност и заинтересираност на граѓаните и нивно приклучување и мобилизација кон самата иницијатива, рече Николов.
Од досегашната реализација на проектот, извршниот директор на делчевското здружение напомена неколку главни точки на чија реализација во иднина треба да се обрне внимание.
-Еден од моментите беше контактите со засегнатите страни и граѓани кои имаат свој интерес на планината Голак за нивните инфраструктурни проблеми, да не го заборавиме цивилниот момент и младинците кои споделија своја информација за потребите и значењето на Голак. Направена е анализа од аспект на економско значење за развој на Голак како и социо-економски бенефити и предности за Голак, така што дојдовме на крајот на нашата иницијатива со која продолжуваме и понатаму потсетувајки ги одговорните кон нивните одговорности, додаде Николов.
Оваа активност е дел од проектот,,Да се реализира ветеното“ и е во рамките на проектот ,, Подршка на изборни реформи“ на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација, за изборни системи (ИФЕС).Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот