18/11/2015
Вести
ИНФОРМАЦИЈА ДО ОВЛАСТЕНИТЕ ЦАРИНСКИ ЗАСТАПНИЦИ И ЛИЦЕНЦИРАНИТЕ ЗАСТАПНИЦИ
Почитувани,
Во врска со Законот за вршење работи за застапување во царинските постапки, објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 180 од 05.12.2014 година и Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки, објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 154 од 04.09.2015 година, се известуваат овластените царински застапници и лиценцирани застапници дека најдоцна до 14.12.2015 година потребно е да поднесат барања за одобрение за вршење на работи за застапување и барања за издавање на лиценца согласно условите од членот 5 односно 7 ставови (2) и (3) точка а).
Во случај овластените царински застапници и лиценцирани застапници да не поднесат барање до наведениот рок, издаденото одобрение за застапување односно лиценца престанува да важи.
Кон барањето за одобрение за вршење на работи на застапување во царинските постапки потребно е да се приложат следните документи:
Решение и тековна состојба издадени од Централен регистар на Република Македонија;
Склучен договор за вработување на неопределено време или соодветен акт за работа со најмалку едно лице кое има лиценца за вршење на застапување во царинските постапки;
Овластување (полномошно) за потпишување на царински декларации за лицето кое има лиценца за вршење на застапување;
Писмена изјава дека ќе го гарантира исполнувањето на обврските кои може да произлезат од вршењето на застапување во царинските постапки;
Имотен лист издаден од Агенцијата за катастар за поседување на деловен простор или договор за закуп на деловен простор;
Спецификација на опремата која се употребува за вршење на застапување во царинските постапки и опис и спецификација на системот за пристапување кон системот за обработка на царински декларации и други документи на Царинската управа;
Потврда од надлежен суд дека во последните две години не е огласено за виновно со правосилна одлука на надлежен суд за кривично дело против јавните финансии, платниот промет и стопанството, кривично дело против службената должност, кривично дело против правниот сообраќај или кривично дело определено со Законот за акцизите и
Потврда издадена од Управата за јавни приходи дека нема неподмирени обврски кон државата.
Кон барањето за издавање на лиценца за вршење на застапување потребно е да се приложат следните документи:
уверение за завршено најмалку средно образование од средно училиште заверено кај нотар;
потврда од овластен царински застапник или имател на одобрение за поедноставени царински постапки кај кого се стекнал со работно искуство од најмалку две години на работни задачи од областа на царинското работење
уверение за положен стручен испит за лиценциран застапник или лиценца;
потврда од надлежен суд дека во последните две години не е огласен за виновен со правосилна одлука на надлежен суд за кривично дело против јавните финансии, платниот промет и стопанството, кривично дело против службената должност, кривично дело против правниот сообраќај или кривично дело определено со Законот за акцизите;
доказ за платен надоместок за издавање на лиценца за вршење на застапување во царинските постапки и
две фотографии во боја со димензии 2х3см
Со цел навремено издавање на одобренијата за овластени царински застапници и лиценците за застапување, потребно е имателите на истите благовремено да ги достават потребните барања и документи до Царинската управа.
Во прилог на оваа информација е и примерок од Изјавата за гарантирање на исполнувањето на обврските.
Прилог 1 - Барање за одобрение за вршење на работи на застапување во царинските постапки
Прилог 2 - Барање за лиценца за вршење на застапување во царинските постапки
Примерок за надоместок за лиценца
Прилог 3 - Барање за издавање на легитимација на лиценциран застапник
Примерок за надоместок за легитимација