Feel Krusevo

Feel Krusevo FEEL KRUSEVO е пилот социјално претпријатие кое организира ?

25/07/2026
25/07/2026

🔨Дури и за најмали поправки сопствениците на заштитените куќи во Крушево мора да поминуваат низ сложени, долги и фрустрирачки процедури. Лавиринти кои ги тераат побрзо да ги напуштат куќите отколку да ги одржуваат.

Целата сторија прочитај ја на #ЛокалАктивПелагонија

Ако детските насмевки се мерило за успешно завршен едукативен процес за селекција на пластика и нејзина реупотреба, тога...
25/07/2026

Ако детските насмевки се мерило за успешно завршен едукативен процес за селекција на пластика и нејзина реупотреба, тогаш може да очекуваме продолжение на нашите напори "За Крушево без пластика". Благодарност до нашата неуморна Леонора Ташкоска Крстеска, која едукативните работилници ги претвори во вистински предизвик и натпревар, кое одделение и кој поединец подобро и повеќе ќе селектира и рециклира.
#ОУНиколаКаревКрушево, #КонакХилтон, #ЕкоВита, , #Информација.мк,

Околу 50тина реупотребени пластични шишиња, кои беа насликани од основците и средношколците на еко работилниците, на Вел...
14/04/2026

Околу 50тина реупотребени пластични шишиња, кои беа насликани од основците и средношколците на еко работилниците, на Велика сабота беа изложени во градскиот парк. Најголем дел од изработите имаа Велигденски мотиви, а употребени беа за саксии за цвеќе, поточно љубичици. Голема благодарност до членките на фолклорната група при Домот на култура "Наум Наумоски Борче " од Крушево, кои на посетителите и присутните во крушевската чаршија им поделија флаери, со што и официјално започна кампањата "Мојот отпад- Моја одговорност". Проектот е поддржан од In Need.
#циркуларна економија
,
,

31/03/2026

Денеска во Крушево се одржа креативна работилница за реупотреба на пластичен отпад, како дел од низата активности во рамки на проектот „Мој отпад – моја

Во рамки на проектните активности на проектот "Мој отпад - Моја одговорност" се одржа првиот дел од работилницата за цир...
18/03/2026

Во рамки на проектните активности на проектот "Мој отпад - Моја одговорност" се одржа првиот дел од работилницата за циркуларна економија во туризмот, наменета за сопствениците на категоризирани соби и апартмани за сместување на гости и туристи, од Крушево. Работилницата ја водеше сопственичката на апартманите Конак Хилтон, Леонора Крстеска Ташкоска, која ги представи основите на циркуларната економија во туризмот, користејќи го примерот на Словенија. Заеднички заклучок на сите присутни е дека Зелената сертификација на нивните бизниси и одржливата, циркуларна економија е иднината на крушевскиот туризам. Но, првиот чекор кон таа цел, е предселекцијата на пластиката од крушевската депонија. За таа цел, во соработка со Јавното комунално претпријатие, Комуна од Крушево, на категоризираните апартмани, до крајот на март месец, ќе им бидат доделени жолти комунални канти, во кој ќе се одлага пластичниот отпад.
www.facebooc.com/PINnorthmacefonia/
мк, мк, , #ЦиркуларнаЕкономија

11/03/2026

https://www.facebook.com/share/184i4myqLt/
Благодарение на мотивирачките
и исклучително едукативни содржини кои нашата сограѓанка Леонора Ташкоска Крстеска ги сподели со основците во рамки на проектот " Мој отпад Моја одговорност" во реализација на Платформата за развој на туризмот ФЕЕЛКРУШЕВО, О.У. Училиште Никола Карев ја проширија акцијата за собирање и на хартија.

Волонтерот на Мировниот корпус, Hayden Smith, кој волонтира во нашата организација FeelKrushevo, денес во основното општ...
29/01/2026

Волонтерот на Мировниот корпус, Hayden Smith, кој волонтира во нашата организација FeelKrushevo, денес во основното општинско училиште "Никола Карев", ја представи својата намера, да одржува бесплатни обуки за креативно пишување и часови за кошарка. Исто така, ќе одржува и бесплатни часови по англиски јазик за возрасни. Неговото волонтирање во нашата локална заедница е од големо значење, зашто станува збор, за исклучително посветен млад човек на зададените задачи и цели. Се надеваме дека сите заинтересирани, ќе имаат исклучително добар процес на учење, без разлика за која активност се заинтересирани.

"Во жолтите канти ќе се селектира пластика". Така ја почна својата прва едукативна работилница нашата едукаторка Леонора...
27/12/2025

"Во жолтите канти ќе се селектира пластика". Така ја почна својата прва едукативна работилница нашата едукаторка Леонора Крстеска Ташкоска, сопственичка на Конак Хилтон и ОнТоп апартмани од Крушево, кое е сертифицирано ви 100те светски зелени дестинации.
Селекцијата на пластичниот отпад ја започнуваме од основното Училиште Никола Карев, во рамки на проектот "Мој отпад- моја одговорност" кој го спроведуваме со ЕУ поддршка и организацијата ПИН (People In Need). На работилниците присуствуваше и нашиот волонтер Heyden Smith.

Address

Krusevo

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Feel Krusevo posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share