09/07/2026
Веруваме дека секоја позитивна промена започнува со младите. 💙
Како фестивал кој го живее и го промовира духот на Крушево, со големо задоволство даваме поддршка и ви ја претставуваме програмата на фестивалот „Крушево Будно“, во организација на Локалниот младински совет.
Од 11 до 18 јули, ве повикуваме сите крушевчани и останати посетители да бидете дел од „Крушево Будно“. Со вашето присуство не само што ќе уживате во одличната програма, туку ќе им дадете поддршка на младите кои со огромен труд, ентузијазам и посветеност работат Крушево да биде уште поубаво место за живеење.
Покрај богатата програма исполнета со музика, театар, филм, креативни работилници и бројни активности, овој фестивал носи и многу поголема вредност. Преку разговор со младите, Советот има за цел да ги слушне нивните идеи, потреби, ставови и приоритети.
Бидејќи силата на едно општество е во младите, а иднината ја создаваат токму тие. Да ги поддржиме нивните идеи, нивната енергија и нивната визија за подобро Крушево.
Се гледаме на „Крушево Будно“!