27/06/2026
СООПШТЕНИЕ ДО ГРАЃАНИТЕ
Почитувани граѓани,
Во изминатите три и пол години, благодарение на финансиската поддршка од Општина Куманово, на граѓаните им беше овозможено користење на градскиот превоз без директно плаќање на билет.
Ве известуваме дека од 01.07.2026 година повторно ќе се применува редовниот систем на наплата на билети во градскиот превоз.
Воедно како благодарност за довербата и користење на нашите услуги, на сите наши патници, од 01.07.2026 година започнува и ГОЛЕМА НАГРАДНА ИГРА.
Награди:
🥇 iPhone 17 Pro Max
🥈 Lenovo лаптоп
🥉 Електричен тротинет
🎁 Смарт часовник
🎫 Месечен билет за бесплатен градски превоз
Правила за учество:
• Соберете 10 автобуски билети (фискални сметки).
• Ставете ги во затворен плик.
• На пликот задолжително напишете:
o Име и презиме
o Телефонски број
• Пликот пуштете го во сандачето поставено во автобусот.
📺 Јавното извлекување на наградите ќе се одржи на 01.09.2026 година (вторник), во 12:00 часот, во живо на ТВ ПЛУС.
Ви благодариме за довербата, разбирањето и поддршката. Остануваме посветени на обезбедување сигурен, безбеден и квалитетен превоз за сите граѓани на Куманово.
Со почит,
НИМ ТРАВЕЛ ДООЕЛ Куманово
Контакт телефон: 031 444 003