04/07/2021
Prespaland, нашата убава земја!
Ова лето ве каниме на единствениот Мултимедијален Фестивал некогаш направен во овој регион.
Ќе ја доближиме историјата, ќе ја милуваме природата и традицијата, ќе ја славиме Преспа и убавината.
Со континуитет од 11 настани ќе посетиме 6 села, ќе поминеме 200 километри во природа, ќе разубавиме 11 локации.
На Prespalаnd ќе има за секој по нешто. Од едукативни работилници, еко акции и спортски активности, преку традиционални, вкусни локални приказни, до големи и мали музички настапи, сценски изведби, како и изложбени настани.
Се гледаме во Преспа во јули, август и септември!