11/11/2015
Почитувани велосипедисти, планинари, љубители на природата...
Со огромно задоволство Ве известуваме дека велосипедската патека „Убавините на Пехчево на велосипед“ која што е направена во рамки на проектот „Промовирање на интегриран пристап за одржливо управување со карактеристичните природни ресурси во Пехчево“,проект кој е дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија, а чиј имплементатор е Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија, е подготвена да ве пречека и почести со своите убавини. Патеката е со вкупна должина од 10km и истата го поврзува градот Пехчево со трите локалитети „Вртена скала“, „Делибови кашчи“ и „Јудови ливади“ со инсектојадното растение Drosera rotundifolia. Истата е маркирана, поставени се информативни табли, патокази, канти за отпад долж истата, изготвена е мапа за Ваше олеснато движење. Исто така Ве известуваме дека во рамки на проектот, општина Пехчево и официјално има 7 обучени Локални водичи во природа, кои се секогаш тука за Вас за да ви ги покажат убавините на Пехчево и околината. За било какви информации, ви стоиме на располагање.
Со почит
Ирена Кракутовска - координатор на проектот