19/02/2026
САРАЕВО - МОСТАР
ПРВ ДЕН – 06.03.2026 (ПЕТОК) БИТОЛА - ПРИЛЕП - САРАЕВО
Поаѓање од Спортска Сала во Битола во 18 30 часот, попатно земање на патницит еод Прилеп. Ноќно возење преку Србија, со попатни паузи и царински формалности.
ВТОР ДЕН – 07.03.2026 (САБОТА) САРАЕВО
Пристигнување во Сараево каде следува разглед на градот со локален водич.
Сараево е поделен на 3 дела, Отомански дел каде се наоѓа Башчаршија, Австро-Унгарски дел каде се спојуваат културите и доминираат австро-унгартските градби и Југословенски дел.Кога ќе шетате ќе се почувствувате како да влегувате од град во град.
По разгледот следува слободно време за индивидуален разглед. Препорачуваме да ја посетите најстарата пивница во градот ,,PIVNICA HS’’ која е од 1864 година. Сместување во хотел. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – 08.03.2026 (НЕДЕЛА) БУНКЕРОТ НА ТИТО, КОЊИЦ, ЈАБЛАНИЦА (БИТКА НА НЕРЕТВА) ИЗВОРОТ И МОСТАР
Појадок. По појадокот посета на бункерот на Тито. Бункерот, со површина од 6.500 метри квадратни, се состои од над 100 мали простории, канцеларии, конференциски сали, опремени со едноставен мебел и задолжителен портрет на Тито. Јосип Броз Тито започнал со изградба на овој бункер во раните 50-ти години во близина на Босанскиот град Коњиц. Неговата цел била да ја прими владеачката класа во случај на нуклеарен напад. По посетата на Коњиц,
групата ќе има можност да го посети местото Јабланица каде била битката на Неретва. Денот го завршуваме со посета на Мостар еден од најубавите градови во Босна и Херцеговина, кој името го добил по чуварите на мостовите на реката Неретва (мостари) на чиј брег е послан градот. Прошетка до Стариот мост ( кој заедно со стариот дел на градот во 2005 е ставен на листата на УНЕСКО), кулата Келебија, Саат кула, Крива Чуприја (еден од најстарите споменици кои датираат од османлискиот период), старата Мостарска чаршија која се наоѓа на левиот брег на реката Неретва... По завршивање на разгледот слободно време и можност за ручек или кафе во автентичен стил во старата чаршија со поглед према “Стариот мост” кој претставува симбол на градот Мостар, но и на Босна и Херцеговина. Враќање во хотел. Ноќевање.
ЧЕТВРТ ДЕН – 09.03.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) БОСАНСКИ ПИРАМИДИ - ВИШЕГРАД - АДРИЌГРАД - БИТОЛА
Појадок. По појадокот посета на Босанските пирамиди. Ќе го посетите тунел Равне. По посетата на Босанските пирамиди заминување кон Вишеград, едно мало градче во Босна и Херцеговина, кое се наоѓа на сливот на реките Рзав и Дрина. Место каде две култури, два света се спојуваат преку надалеку познатиот Мостот на Дрина, претставен пред светот од Иво Андриќ. Во Вишеград ќе имаме можност да го посетите и Андриќград кој е познат како и Каменград а инвеститор е познатиот тенисер Новак Џоковиќ. Слободно време за прошетка или Крстарење по Дрина. Заминување кон Македонија.
ПРОМО ЦЕНА: 109 € ( за резервации до 28.02.2026 )
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Автобуски превоз
- 2 ноќевања со појадок во Хотел со 3* во центарот на Сараево;
- Разглед на Сараево со водич;
- Посета на Андриќград и Вишеград
- Туристички придружник за време на целото патување
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Пакет Неретва (Бункерот на Тито, Коњиц, Јабланица и Мостар ) - 70 евра (се плаќа во автобус), доколку не се влегува во Бункерот на Тито 45 евра
- Посета на Босански пирамиди- 30 евра (се плаќа во автобус);
- Tуристичка такса- 3 евра за 2 ноќевања по лице (се плаќа во автобус)
- Крстарење по Дрина- 10 евра од лице
- Доплата за еднокреветна соба 50 евра за двете ноќевања