19/05/2026
Преспа е дестинација со огромен потенцијал за автентични и одржливи туристички искуства.
Во рамките на проектот „Green Spirit Prespa“, странски туроператори и туристички професионалци ја истражуваа можноста за развој на туристички производи поврзани со астрономија, птичарење и локална гастрономија.
Ова е токму насоката во која веруваме и како Balkan Prime Tours: туризам базиран на локални приказни, природа, култура и искуства што не можат да се реплицираат на друго место.
Преспа не треба да стане уште една масовна дестинација. Нејзината сила е во автентичноста, биодиверзитетот, локалните заедници и внимателно креираните доживувања.
Туризмот не е само број на ноќевања. Туризмот е вредност, искуство и одговорност.
Резервирајте тура
biznisvesti.mk - Влатко Сулев: Астрономијата, птичарењето и локалната гастрономија можат во Преспа да донесат туристи од цел свет.