Дејности со кои се занимава туристичката агенција се организирање на индивидуални и групни патувања, ученички и студентски екскурзии, организирање на конгреси и семинари, резервација и продажба на авио билети и патнички осигурувања.
Препознатлива е по својот верен, љубезен и квалификуван кадар кој е спремен да излезе во пресрет и да ги исполни барањата на пребирливите клиенти. Доказ за тоа се задоволните клиенти кои веќе долги години ги користат нашите услуги како и нашите долгогодишни деловни партнери со кои успешно соработуваме.
Во изминатите години заедно со растежот на агенцијата растеше и стремежот за промоција на природните богатства на нашата земја надвор од нејзините граници и се ориентиравме кон остварување на овие стремежи. Како резултат на тоа во јануари 2007 година беше отворена нашата подружница во Охрид.
На гостите им нудиме комплетен сервис, од хотелски и приватни сместувања, помош при патување, индивидуални и групни разгледи со стручни (лиценцирани) водичи, организација на специјални тури...
Ние работиме и постоиме само за Вас !!!
Ви благодариме што ни ја давате Вашата доверба!