25/05/2026
Со успешно реализираната тридневна стручна работилница, Симпозион ја заокружи својата пролетна едукативна сезона, потврдувајќи уште еднаш дека внимателно осмислената стручна агенда, високата експертиза на предавачите, практичната ориентација во едукативниот пристап и квалитетната организација на процесот пренесуваат знаења, искуства и вредности кои оставаат траен позитивен отпечаток во натамошното професионалното работење.
Особено сме горди што, веќе цела деценија, илјадници учесници од различни професионални области ја препознаваат вредноста и уникатноста на пристапот на Симпозион и ни ја доверуваат одговорноста за сопствената стручна едукација и професионален развој. Голем број институции, компании и индивидуални учесници остануваат наши долгогодишни соработници токму поради максималната посветеност, темелност и лојалност со која ги осмислуваме, подготвуваме и реализираме програмите, ги избираме времето, местото, темите и експертите.
Прочитајте повеќе во официјалната објава:
https://simpozion.mk/odlicno-zaokruzena-proletna-sezona-2026/