14/04/2026
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАТНИЦИТЕ
Од 10 април, на границите на Европската Унија стапува во сила целосна имплементација на системот EES (Entry/Exit System). По делумната примена од минатиот октомври, патниците сега ќе се соочат со нови правила за идентификација.
Главната новина е дека системот ќе зема отпечатоци од прсти и ќе фотографира патниците при влез и излез од Шенген зоната, и ќе ја евидентира должината на престојот во странство. Наместо класичните печати во пасошите, софтверот автоматски пресметува преостанатите денови од дозволениот престој (максимум 90 дена во период од 180 дена).
Процедурата е следна:
- При влез: пасошка контрола, фотографирање и четири отпечатоци од прсти; системот го регистрира датумот на влез.
- При излез: проверка на пасошот и верификација на идентитетот (фотографирање или отпечатоци од прсти); системот го регистрира датумот на излез.
Препораки за патниците:
- Проверете дали пасошите важат најмалку три месеци по планираниот датум на враќање.
- Тргнете 2–3 часа порано од вообичаеното за да избегнете застои.
- Следете ја состојбата на граничните премини.
- Користете дигитални алатки како апликацијата "Travel to Europe", достапна како пилот-проект во Шведска и Португалија, за побрз премин.
Патувајте информирано и уживајте во новите дестинации.