01/06/2026
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОМЕНА НА ДАТУМ
Почитувани посетители,
Ве известуваме дека концертот на Teodora Džehverović во рамки на SKOPJE MUSIC FRIDAY, кој требаше да се одржи на 5 јуни, се пренесува за 10 јули 2026 година.
Со цел да ви овозможиме уште подобро музичко доживување, во програмата дополнително се приклучува и еден од најактуелните трап артисти во регионот во моментов – 2Soma.
Сите веќе купени влезници остануваат важечки за новиот термин.
Доколку поради промената на датумот не сте во можност да присуствувате и сакате да извршите поврат на средствата, тоа ќе можете да го направите на продажното место од каде што е купена влезницата, а за онлајн купените влезници со поднесување барање за рефундација.
Ви благодариме за разбирањето и се гледаме на 10 јули на уште поголем и поспецијален SKOPJE MUSIC FRIDAY! 🎶🔥
Организатор
EVENT GROUP