18/07/2024
Дечки, да ви кажам една приказна...
Си била еднаш една туристичка агенција. Агенција како и секоја друга во Македонија, две тетки со долги нокти и бланширана коса седат на полуудобни фотелји купени на попуст, затскриени позади големи монитори и просторија со температура на игло. И додека клима уредот ги заладува односите помеѓу колешките од подотворената врата влегува маче. Маче како и секое друго улично животинче во Скопје. Со жолто портокалова, неупадлива боја се протнува до ладната просторија и седнува на една од масичките полни со стари брошури од хотели...
Приказната ќе ја продолжиме некој друг, поладен ден... Она што е важно е дека нашата агенција тој ден беше превземена од животните.
Исто како и во Животинска фарма од Орвел така и ние сме сега под диктат на нашите скопски улични животнки. Токму затоа сите постови се објавуваат од нашите мачки:
Јадранка (задолжена за Јадранско море),
Оливија и Хелена (задолжени за грчките места)
Касандра (за прв крак)
Абла (за Турција)
Нашите верни кучиња Ристе и Науме кои се задолжени за македонски авантури (читај Охрид и Струга).
Како и нашиот папагал Коко кој е задолжен за егзотични дестинации.
Нашиот весел тим ќе ве води на различни места, со напомена дека нивната смисла за хумор е збир од сите седенки до шема кафе баровите низ Скопје (Нема Љутиш).