03/11/2023
Сум гостувал во радиски и телевизиски емисии на разни теми и сум бил интервјуиран во различни својства.
Некои од тие разговори се посебно доживување и предизвик, пред сè кога те интервјуира или разговараш со новинар, соговорник кој ја владее темата на разговорот со сите нејзини комплексности, детали и посебности.
Постојат личности кои се фасцинантни со својата посветеност кон професионалниот предизвик со кој си се нашле некогаш низ животот и останале неразделни засекогаш. Гордана Јанакиевска ја запознав во својство на новинар, во една од првите епизоди од серијалот „Непозната Македонија“ - јас, како новинар, Гордана како туристички водич и консултант за туризам.
Овојпат разговараме во обратно својство. Гордана е новинарот, јас сум туристичкиот водич, во нејзината телевизиска емисија „АванТУРИЗАМ“, што од неодамна ја приредува секој вторник, од 20:00 до 20:45 на телевизија „Вистел“.
Прекрасен, инспиративен соговорник.
Гордана, благодарам!
АВАНТУРИЗАМ СО ГОРДАНА ЈАНАКИЕВСКАГОСТИН: ВАСКО МАРКОВСКИ