Од 3-ти јануари 2005 год. компанијата Руле Турс почна да стопанисува со новата автобуска станица во Скопје, која ја доби под 10 годишна концесија.
Приватното претпријатие Руле Турс е основано 1991 година. Од тогаш па се до денес одржува континуирани меѓународни автобуски линии. Принципите според кои се води Руле турс се професионални и пред с е одговорни за превоз на патници. Меѓуградската автобу
ска станица е изградена според високите европски стандарди и во целост одговара на потребите не само на 700000 жители на Скопје, туку и на целата наша земја, регионот и пошироко. За ова придонесува модерниот стилски изглед споен со мултифункционалноста на објектот и квалитетната услуга.
Пристапот на станицата е направен со влезно излезно решение кое нуди брз проток на автобуси. Во целост почитување на возниот ред и сепарирање на патниците што пристапуваат и заминуваат.
За комфорен престој на патниците се грижи 90 члена од високо професионалнен персонал. Задоволството на патниците е наш најголем успех. Секој ден 24 часа, 365 дена во годината автобуската станица е отворена за патниците. Во неа има ресторани, туристички агенции и три чекални за патниците. Можностите што ги нуди меѓуградската станица за кусо време придонесе услугите да ги користат над 150 транспортни претпријатија. Анализите и фактичката состојба зборуваат дека можат да ги задоволат потребите на автотранспортниот сообраќај до 2050 год. Автобуската станица Скопје ги исполни стандардите на модерниот свет.