23/04/2018
Вработуваме: Помлад графички дизајнер
Идеалниот кандидат кој ќе му се придружи на нашиот тим, ќе работи на поедноставни работни задачи и под надзор на искусните колеги. Не, не бараме нинџа или гуру, туку некој кој знае колку знае и знае колку не знае. Освен тоа што треба да ги владее алатките на професијата, треба и:
- Да е на почеток на кариера, ама да не сака засекогаш да остане несфатен уметник.
- Да сака да ги импресионира луѓето повеќе со своите дела, а помалку со своите зборови.
- Да биде одговорен, а не „турни ме да кинисам” тип.
Заинтересираните кандидати можат да го испратат своето CV и портфолио на [email protected]. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју. Огласот трае до 10.05.2018.