17/12/2025
Хургхада Лето 2026 🌊 Рана Резервација! ☀️🌴
𝐃𝐄𝐒𝐄𝐑𝐓 𝐑𝐎𝐒𝐄 𝐑𝐄𝐒𝐎𝐑𝐓 - Best Price
🎀Your Home by the Red Sea 🎀
📲 Резервирај веднаш и искористи ги попустите за следното лето! 🏖️ 078 340 311
Desert Rose Resort е атрактивен хотел сместен на јужната туристичка обала од Хургада на сопствена плажа, оддалечен 10тина км од аеродромот и окулу 20 км од стариот центар на Хургада.Станува збор за голем хотелски комплекс кој зафаќа површина од окулу 300.000 м2 оплеменета со пријатно уредени градини, паркови, неколку базени, содржини за деца, повеќе барови, ресторани, како и 6 сместувачки блока во кои има вкупно 912 соби. Хотелот има сопствена лагуна окулу која се простира убава песочна плажа со должина од речиси 1км, особено атрактивна за семејства со деца. Познат е по одличната услуга, богатите содржини и одличниот All Inclusive концепт.Desert Rose Resort е голем хотел кој располага со 912 пространи и комфорни соби и апартмани современо опремени со бања, ЛЦД САТ ТВ, клима, сеф, мини бар, фен за коса, балкон или тераса. Собите се распределени низ 6 сместувачки блока. Хотелот има еден главен и 4 а ла карт ресторани од кои 3 се бесплатни за користење со претходна резервација (мексикански, рибен, либански), а еден се наплаќа (италијански). Во текот на престојот гостите може со претходна резервација да искористат еден од наведените а ла карт ресторани. Баровите низ хотелот се многубројни и речиси сите се вклучени во концептот All Inclusive. Во склоп на комплексот има и дискотека, интернет центар, театар на отворено, сервис за перење, интернет центар, продавници, менувачница, банкомат, фризерски салон, лекар, шатл сервис. На располагање на гостите се три главни големи базени - базен без активности, олимписки базен и отворен базен со анимации и посебен дел за деца со 2 тобогана. Хотелот има и посебен аква парк со 6 тобогани, реновиран во 2021 година. Располага и со игралишта за различни спортови (одбојка, фудбал, кошарка, тенис), како и билјард, пинг понг, спортови на вода, спа центар, фитнес сала. Хотелот има активен аниматорски тим кои организираат разни анимации за своите гости во текот на целиот ден. Хотелскиот комлекс има сопствена лагуна окулу која се простира убаво уредена приватна песочна плажа со должина од речиси 1км, која е особено атрактивна за семејства со деца. Водата во лагуната е пријатно топла, мирна и не се повлекува значително дури и кога се најголемите осеки. Освен главната плажа окулу лагуната, хотелот има и две помали плажи кои излегуваат на отворено море, како и понтон. на овие плажи има делови со корални гребени кои ги привлекуваат заљубениците во снорклинг или нуркањето во живописните води на Црвеното Море. Лежалките и чадорите на плажа се бесплатни за користење за хотелските гости.