Mavrovo365

Mavrovo365 Adventure into the wild, 365 days a year. Guided tours in Mavrovo National Park. Hiking | 4x4 | Speleo | Local culturemavrovo

Некои места се гледаат однадвор.А некои вреди да се доживеат одвнатре. 🦇Шаркова Дупка е отворена за посети и подготвена ...
03/07/2026

Некои места се гледаат однадвор.
А некои вреди да се доживеат одвнатре. 🦇

Шаркова Дупка е отворена за посети и подготвена за нови љубопитни екипи. ⛰️

Кратка тура, малку мистика, многу добра енергија — и уште една причина зошто Маврово секогаш има што да понуди.

Кој влегува следен? ✨

Учење покрај река, пештера и планина. 🌿💧Со учениците од Средното економско училиште од Гостивар имавме нова теренска акт...
18/06/2026

Учење покрај река, пештера и планина. 🌿💧

Со учениците од Средното економско училиште од Гостивар имавме нова теренска активност посветена на апликацијата CrowdWater.

Денот го започнавме со посета на Шаркова Дупка, а потоа покрај Мавровска Река разговаравме за водата, природата и за тоа како младите можат да бидат дел од собирање важни податоци од терен.

Кога учениците ќе излезат надвор од училница, сè станува појасно:
водата не е само тема за учење,
туку ресурс што треба да го набљудуваме, разбираме и чуваме.

Благодарност до учениците и наставниците за вниманието, прашањата и убавата енергија. 🙌

Маврово повторно беше наша училница на отворено.

#Маврово #ШарковаДупка #МавровскаРека УчилницаНаОтворено ЕдукацијаВоПрирода

💧 Одлично поминато време со учениците од прва година од СОУ „Маврово - Ростуше„ Најпрво разговаравме за тоа како секој о...
08/06/2026

💧 Одлично поминато време со учениците од прва година од
СОУ „Маврово - Ростуше„

Најпрво разговаравме за тоа како секој од нас може да придонесе во следењето и заштитата на водните ресурси преку апликацијата CrowdWater.
Наместо само да зборуваме за тоа, излеговме и на терен.

Кај Велојца, учениците имаа можност практично да ја користат апликацијата, да набљудуваат, собираат податоци и да видат како нивните мерења можат да станат дел од вистински научни истражувања.

Најдоброто учење често се случува надвор од училницата, кога знаењето се поврзува со природата, локалната средина и реалните предизвици околу нас.

Благодарност до учениците и нивната професорка по биологија Ema Gavriloska , за интересот, активното учество и одличната енергија.
💧🌿📱

Науката не мора секогаш да се случува во лабораторија. Понекогаш доволни се еден поток, мобилен телефон и љубопитност.

#ГраѓанскаНаука #Ростуше #УчењеВоПрирода #МладиЗаПриродата

Денес со учениците од четврто одделение од ОУ. Гоце Делчев од Гостивар, ја посетивме пештерата Шаркова Дупка — вистинска...
21/05/2026

Денес со учениците од четврто одделение од ОУ. Гоце Делчев од Гостивар, ја посетивме пештерата Шаркова Дупка — вистинска мала авантура во срцето на природата. 🕳️🌿

Преку истражување, дружење и учење на терен, децата имаа можност одблиску да се запознаат со светот на пештерите, природните процеси и важноста на зачувувањето на природата. ⛰️💚

Насмевките, љубопитноста и возбудата беа нашиот најголем доказ дека ваквите искуства остануваат долго во сеќавање. 🌍✨



#ШарковаДупка #Маврово

🌿⛰️😊 Прекрасно поминат ден со учениците од Ростуше и нивните гости од СрбијаЗаедно ја посетивме пештерата „Шаркова Дупка...
07/04/2026

🌿⛰️😊 Прекрасно поминат ден со учениците од Ростуше и нивните гости од Србија

Заедно ја посетивме пештерата „Шаркова Дупка“ во Маврово и уживавме во откривањето на природните убавини што ги крие овој регион 🌿⛰️

Ден кој долго ќе се памети - исполнет со насмевки, нови знаења и незаборавни моменти – 🤍✨

¡Vámonos! 🔥 Hike day in Bistra!Today with our amazing guests from Spain 🇪🇸, we explored one of the most stunning trails ...
03/04/2026

¡Vámonos! 🔥 Hike day in Bistra!

Today with our amazing guests from Spain 🇪🇸, we explored one of the most stunning trails in the Bistra mountains, from Lazaropole to Tresonche. 🏞️

⛰️ Trails full of stories, and beauty.
🌿 Wild nature, local history, and smiles all around.
✨ This is what we call Adventure Into the Wild.

❓ Дали знаеш дека твојата следна прошетка покрај река може да придонесе за вистинска наука?Денес, на Светскиот ден на во...
22/03/2026

❓ Дали знаеш дека твојата следна прошетка покрај река може да придонесе за вистинска наука?

Денес, на Светскиот ден на водите, ве повикуваме сите – планинари, рибари, рекреативци и љубители на природата – да станете дел од нешто поголемо, затоа што секој може да биде научник! 💧

Маврово365 спроведува проект за заштита на реките во Националниот парк Маврово преку апликацијата CrowdWater – алатка што го претвора вашиот паметен телефон во средство за мониторинг на водите.

📍 Како функционира?
– Ја отвораш апликацијата и согледуваш дали на истата река (или езеро, неважно за каква водена површина станува збор) има претходно некој отворено “станица за набљудување“
– Доколку ти си првиот кој во таа близина отвора нова, ја сликаш водената површина и поставуваш „референтна“ фотографија
– Следниот пат, доколку се враќаш на истото место би било супер да споредиш
– Бележиш дали водостојот или водотекот се променил

📊 Можеш да следиш и:
– дали потокот/реката пресушил/а или тече
– влажност на почвата
– присуство на пластика и друго загадување на водата

🌍 Со ова:
– се пополнуваат празнините во податоци за реките
– се подобруваат научни модели и предвидувања
– секој, без разлика на искуство, придонесува за науката

🚶‍♀️ Следниот пат кога ќе поминеш покрај река – направи нешто повеќе од фотографија.

📲 Преземи ја CrowdWater и приклучи се:
App Store: https://apps.apple.com/us/app/crowdwater-spotteron/id1213513623
Play Store: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.spotteron.crowdwater

📣 Сподели ја веста за оваа забавна апликација со твоите пријатели – бидејќи колку сме повеќе, толку подобро ги разбираме и штитиме нашите води.

🤝 Заедно ја унапредуваме науката – и заедно ги чуваме нашите води.

Проектот е поддржан од Eko-svest и Prespa Ohrid Nature Trust - PONT

21/03/2026

🍃21ви март меѓународен ден на шумите🍃

Шумата не е само особено значаен ентитет во однос на нашето здравје туку и здравјето на целата планета, таа е нашиот дом во кој владее суштината на животот и во кој се чуствуваме исполнето и силно.🍀

🌿 Да ги чуваме и заштитиме! 🌿

21/03/2026
Нашата нова мерна станица на Бојков кладенец е поставена!Со големо задоволство споделуваме дека го направивме првиот пра...
02/12/2025

Нашата нова мерна станица на Бојков кладенец е поставена!

Со големо задоволство споделуваме дека го направивме првиот практичен чекор во рамки на проектот „Секој може да биде научник“ – отворивме "мерна станица" на коритото на реката на Бојков кладенец во Маврово, место кое често го посетуваме и препознаваме по неговата природна убавина. Воедно, често излетничко место каде минуваат многу туристи.

Напоменуваме: Не е потребно да поставите физичка мерна референца како онаа на сликата за да отворите “мерна станица или точка на набљудување“ - апликацијата сама генерира виртуелно решение што симулира мерна референца.

Сега наштиот ентузијазам е уште поголем - да ги следиме промените во нивото на водата и состојбата на реката.

Ова е само првиот чекор – и доказ дека секој од нас може активно да учествува и да придонесе кон науката.

🌱 За проектот

Проектот што го реализира Маврово365 има една едноставна, но многу важна цел: да ја вклучи заедницата во мониторинг и заштита на реките во Националниот парк Маврово** преку бесплатната апликација CrowdWater.

Со CrowdWater, секој – турист, планинар, рибар, ученик или локален жител – може да забележи водостој, ерозија, барички, снежни топења и други природни појави и истите да ги внесе директно од својот смартфон.

Ова е суштината на Citizen Science – наука во која заедницата има реална улога. Научениот модел е веќе докажан ширум светот, а сега конечно станува дел и од Маврово.

💧 Зошто е важно?

Реките во Маврово не се само пејзаж – тие се живот, екологија, биодиверзитет и иднината на регионот.
Со секоја фотографија и со секое мерење внесено во апликацијата, ние заедно:

* создаваме база на податоци што им помага на научници и организации,
* го следиме влијанието на климатските промени,
* ја градиме свеста за заштита на водните ресурси.

📲 Како да се приклучиш?

Едноставно – преземи ја CrowdWater апликацијата и почни да ги бележиш состојбите на реките што ги посетуваш:

App Store: https://apps.apple.com/us/app/crowdwater-spotteron/id1213513623
Google Play: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.spotteron.crowdwater&hl=en

Проектот е поддржан од Eko-svest и Prespa Ohrid Nature Trust – Prespa Ohrid Nature Trust - PONT.

Address

National Park Mavrovo
Mavrovo
1256

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Mavrovo365 posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Mavrovo365:

Shortcuts

Share