30/09/2025
❗️Почитувани патници,
Би сакале да ве информираме за стапувањето во сила на новите правила за влез во земјите од Шенген зоната, кои ќе важат од 12 октомври 2025 година.
EES и ETIAS се автоматизирани ИТ системи за евидентирање и следење на лични податоци на граѓани на земји надвор од Европската Унија, кои ги преминуваат границите на Шенген зоната.
EES (Entry Exit System)
Систем за дигитално евидентирање на влезови и излези од Шенген зоната и идентификација на лица кои го надминуваат дозволениот престој
Се однесува на сите граѓани на земји надвор од Европската Унија, кои влегуваат/излегуваат од Шенген зоната за краткорочен престој (до 90 дена)
Ја зајакнува внатрешната безбедност и борбата против нелегалната имиграција
Ги исполнува највисоките стандарди за заштита на податоци и приватност
Стапува во сила на 12 октомври 2025 година
EES постепено ќе се воведува на надворешните граници помеѓу 12 октомври 2025 година и 9 април 2026 година, а ќе стане целосно оперативен од 10 април 2026 година
Забелешка: Не е потребна постапка пред заминување. Регистрацијата се завршува на аеродромот/граничниот премин при влегување во Шенген зоната.
ETIAS ((European Travel Information and Authorisation System)
Потребна е дозвола за патување за влез во земјите од Шенген зоната
Важи за сите граѓани на земји надвор од Европската Унија, кои влегуваат/излегуваат од Шенген зоната
Важи 3 години
Цена: 20 евра
Барањето мора да се поднесе, пред поаѓање, исклучиво на официјалната веб-страница: europa.eu/etias
Влегува во сила во последниот квартал од 2026 година
Забелешка: Доколку патникот не креирал ETIAS пред поаѓање, тој ќе биде блокиран на аеродромот на поаѓање/граничниот премин и нема да може да го продолжи патувањето.
Повеќе информации на:
EES: https://travel-europe.europa.eu/en/ees
ETIAS: https://travel-europe.europa.eu/etias