Maltini Travel

Maltini Travel �076350669
�Наспроти кафана Димче, на поранешна локација ?

🇨🇿🏰😍ПРАГА - 8.Март 😍🏰🇨🇿🛌3 ноќевања🍴Појадок ✈️Вклучен авион 💶Цена на аранжманот во претпродажба: 379 € (23.498,00 мкд) за...
20/12/2022

🇨🇿🏰😍ПРАГА - 8.Март 😍🏰🇨🇿
🛌3 ноќевања
🍴Појадок
✈️Вклучен авион
💶Цена на аранжманот во претпродажба: 379 € (23.498,00 мкд) за уплати до 14.01.2023
Редовна цена на аранжманот: 429 € (26.598,00 мкд)

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

09.март (четврток) СКОПЈЕ - ПРАГА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:35 часот. Полетување за Прага во 12:35 ч. Пристигнување на летот во Прага во 16:00 часот. Трансфер до хотелот. Слободно попладне. Ноќевање.

10.март (петок) ПРАГА
Појадок. Панорамски пешачки разглед на градот со локален водич. Разглед на Старо место: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, плоштадот Старо Место со Астрономскиот часовник - Орлој, Градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Универзитетот на Карло четврти, Вацлавске намести, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св.Вито, Златната улица... Слободно попладне или можност за факултативно крстарење со брод по реката Влтава. Ноќевање.

11.март (сабота) ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или факултативен излет до Карлови Вари - најпознат бањски центар во Чешка, популарно одморалиште на европската аристократија и културната елита во 19-от век. Можност за посета на еден од 12-те извори... прошетка покрај неоренесансните колонади, паркови, кафеани и продавници. Увид во познатите се локалните производи од порцелан, стаклото Мозер како и ликерот Бехеровка. Попладнето, враќање во Прага. Навечер, факулатативна вечера во пивница или национален ресторан. Ноќевање.

12.март (недела) ПРАГА - КАРЛШТЕЈН
Појадок. Одјавување од собите. Слободен ден за индивидуални прошетки или факултативен излет до дворецот Карлштејн - некогашната резиденција на кралот Карло четврти, изграден во 14 век. Враќање во Прага во попладневните часови. Слободно време. Трансфер до аеродромот во Прага во 14:00ч. Лет за Скопје во 16:40 ч. Пристигнување после полноќ во 00:10 часот.

Цена на аранжманот во претпродажба: 379 € (23.498,00 мкд) за уплати до 14.01.2023
Редовна цена на аранжманот: 429 € (26.598,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Авионски превоз на релација: Скопје - Прага – Скопје
* Рачна торба со димензии 10*30*40см
* Кабинска торба 55*40*23см до 8кг.
- Трансфери во Прага: аеродром - хотел - аеродром
- Сместување во хотел *** , на база 3 ноќевања со појадок
- Организиран пешачки панорамски разглед на Прага
- Организација и реализација, придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Карти за јавен превоз (метро, автобус...)
- Факултативни излети и посети:
* Карлштејн, со вклучена влезница (50€)
* Карлови Вари (55€)
* Крстарење по В’лтава (25€)
* Вечер во пивница или национален ресторан
- Влезници за музеите и културно - историските споменици

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
- За реализаци на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

🇮🇹🍕🍝РИМ - 8.Март 🍝🍕🇮🇹🛌3 ноќевања🍴Појадок✈️Вклучен авион💶Цена на аранжманот во претпродажба, за резервации до 14.01.2023:...
20/12/2022

🇮🇹🍕🍝РИМ - 8.Март 🍝🍕🇮🇹

🛌3 ноќевања
🍴Појадок
✈️Вклучен авион
💶Цена на аранжманот во претпродажба, за резервации до 14.01.2023:
➡️Standard - пакет со вклучен панорамски разглед = 379 € (30.938,00 мкд)
➡️Superior – пакет со вклучени 3 разгледи = 439 € (34.658,00 мкд)
➡️Premium – пакет со вклучени 4 разгледи = 489 € (37.448,00 мкд)

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

05.март (недела) СКОПЈЕ - РИМ
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 11:55 часот. Лет за Рим W6 7757 во 13:55ч. Пристигнување во Рим во 15:40часот. Панорамско разгледување на градот: Виа Венето, паркот Вила Боргезе, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Колосеумот, мостовите на Тибар, црквата Св. Петар, Аурелијанските ѕидини на градот Рим... Трансфер до хотелот. Сместување и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

06.март (понеделник) РИМ - ВАТИКАН - НАВОНА
Појадок. Факултативна посета на Ватикан, еден од најголемите музејски комплекси во светот каде се изложени многубројни уметнички дела собрани од Римокатоличката црква низ вековите. Основач е папата Јулиј II во 1506г. Посета на Сикстинската капела, Ватиканските музеи, Рафаеловите соби, црквата Св.Петар... По разгледот, препорачуваме прошетка покрај Замокот на Ангелите и преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, изграден врз темелите на Стадионот на Доминицијан од 1ви век. Познат и како уметничка четврт на Рим, плоштадот Навона е гордоста на барокот на градот Рим со скулптури и архитектонски дела од Џан Лоренцо Бернини и познатата фонтана Fontana dei Quattro Fiumi. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Попладне ви препорачуваме прошека по познатата Виа Дел Корсо (најпознатата шопинг улица), посета на фонтаната di Trevi, пред да продолжите понатаму незаборавајте да фрлите паричка, за да го обезбедите вашето враќање во Вечниот град. Имајте пријатна кафе пауза покрај познатите Шпански скали. Ноќевање.

07.март (вторник) РИМ – ТИВОЛИ
Појадок. Факултативна посета на местото Tиволи. Прекрасната Villa D’Este и нејзината градина се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите Европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим. Вечерта препорачуваме прошетка низ познатиот боемски кварт Трастевере: Црквата Св.Марија ин Трастевере, посета на единствениот остров на Тибар, каде во минатото се појавила и првата Римска Населба. На островот можете да ја посетите црквата Св. Бартоломеј. Слободно време за вечера во некој од многубројните традиционални италијански ресторани во Трастевере.Ноќевање.

08.март (среда) РИМ - (Римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил) - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Можност за факултативна прошетка низ Рим со метро и посета на катедралите Сан Џовани Латерано, Санта Марија Маџоре, црквата Сан Пјетро ин Винколи, прошетката продолжува покрај Колосеумот (мала пауза за фотографирање) до црквата Сан Клементе каде ќе ги посетиме капелата и гробот на Св. Кирил... Попладне трансфер до аеродромот во Рим. Лет за Скопје W6 7758 во 16:05ч. Пристигнување во Скопје во 17:50 часот.

Цена на аранжманот во претпродажба, за резервации до 14.01.2023:
Standard - пакет со вклучен панорамски разглед = 379 € (30.938,00 мкд)
Superior – пакет со вклучени 3 разгледи = 439 € (34.658,00 мкд)
Premium – пакет со вклучени 4 разгледи = 489 € (37.448,00 мкд)

РАЗГЛЕДИ И ПОСЕТИ - ПАКЕТОТ ВКЛУЧУВА/НЕ ВКЛУЧУВА:

- Организиран панорамски разглед на Рим:
STANDARD √ (вклучено) | SUPERIOR √ (вклучено) | PREMIUM √ (вклучено)

- Посета на римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил (без метро карта и влезница):
STANDARD (доплата 20€) | SUPERIOR √ (вклучено) | PREMIUM √ (вклучено)

- Посета на Ватикан (со метро): резервација, слушалки, водич и влезница:
STANDARD (доплата 50€) | SUPERIOR √ (вклучено) | PREMIUM √ (вклучено)

- Посета на Тиволи (со јавен превоз): резервација, водич и влезница во Вила Д'Есте:
STANDARD (доплата 55€) | SUPERIOR (доплата 55€) | PREMIUM √ (вклучено)

* За реализација на факултативните екскурзии, потребен е минимум од 15 патници

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Авионски превоз на релација: Скопје - Рим - Скопје (со Wizz Air)
- Сместување во хотел ***, на база 3 ноќевања со појадок
- Панорамски разглед на градот Рим со локален водич
- Рачна торба или ранец (40x20x30cm), максимум 8 кг.
- Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром - хотел - аеродром
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Здравствено - патничко осигурување 164мкд или 241мкд со Ковид покритие
- Туристичка такса: Хотел 3* - 4€ по лице / ноќевање, се наплатува на рецепција.
- Пријавен багаж до 20кг – информација во агенција
- Пријавен багаж до 32кг – информација во агенција
- Доплата за 1/1 соба – 85€
- Билети за превоз со метро 1,5€ по правец / 7€ дневен билет
- Влезници за културно-историските споменици

НАПОМЕНА:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

🇮🇹🍝🍕ВЕНЕЦИЈА - Февруари 🍕🍝🇮🇹🛌3 ноќевања🍴Појадок✈️Вклучен авион💶Цена на аранжманот во претпродажба: 369 € (22.878,00 мкд)...
20/12/2022

🇮🇹🍝🍕ВЕНЕЦИЈА - Февруари 🍕🍝🇮🇹

🛌3 ноќевања
🍴Појадок
✈️Вклучен авион
💶Цена на аранжманот во претпродажба: 369 € (22.878,00 мкд) до 14.01.2023
Редовна цена на аранжманот: 399 € (24.738,00 мкд)

Carnevale di Venezia е еден од најпознатите карневали низ светот и препознатлива карактеристика на градот. Карневалот е традиција која се организира со векови и сè уште привлекува илјадници туристи кои секоја година пристигнуваат во Венеција за да се восхитуваат на раскошните костими и маски кои парадираат на улиците и плоштадите...

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

17.февруари (петок) СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 11:10 часот. Лет за Венеција W6 7751 во 13:10ч. Пристигнување на аеродромот Марко Поло во 15:00ч. Превоз до центарот на Местре (околина на Венеција). Сместување во хотел... Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Можност со придружникот на групата за вечерна посета на Венеција со јавен превоз. Ноќевање.

18.февруари (сабота) МУРАНО-БУРАНО-ТОРЧЕЛО
Појадок. Факултативна посета на трите најпознати острови во Лагуната на Венеција (Мурано, Бурано и Торчело). Лагуната брои вкупно 120 острови од кои само 11 се населени, од кои овие три не треба да ги пропуштите. Мурано е трет по големина и иако поседува многу знаменитости најпознат е по изработка на Мурано стаклото од кое призведуваат накит, витражи, лустери, огледала, чинии, вазни... Музејот на стаклото е сместен во палатата Јустинијан на самиот остров... Во 13в Мурано било летувалаште на познатите аристократи кои изградиле прекрасни вили со богати градини и овоштарници. Главниот приход на Бурано во минатото бил риболовот. Мажите претежно се занимавале со риболов, додека жените биле посветени на обработка и везење на чипка која до ден денеска се изработува. Бурано е познат по шарените куќи кои го обиколуваат целиот остров секоја со различна боја од претходната, за да рибарите кои се враќале од риболов во темните ноќи можеле да си ја препознаат својата куќа. Торчело е најстариот населен остров, познатата црква Санта Марија Асунта располага со импресивни мозаици. Нејзината камбанарија нуди незаборавен поглед на лаугната. Во Торчело се наоѓа познатиот хотел и ресторан Локанда Ципријани каде што често престојувал Ернест Хемингвеј. Враќање во Венеција, па потоа во Местре. Ноќевање.
Програма на карневалот:
09:00 – 17:00 ч. Ревија на карневалски костими на плоштадот Свети Марко
11:00 ч. Натпревар за костими на плоштадот Свети Марко
15:00 ч. Карневал на островот Бурано

19.Февруари (недела) ВЕНЕЦИЈА
Појадок. После појадокот организиран панорамски разглед со локален водич на Венеција. Пристигнување со јавен превоз до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде... Во слободното време препорачуваме посета на камбанаријата на Сан Џорџио Маџоре и преубавата фасада на Паладио, од каде што имате преубав поглед на Венеција. Посетете го музејот на црквата Св.Марко од каде што имате уште еден преубав поглед од балконот на црквата на целиот плоштад пред вас. Кај мостот Ријалто дозволете си пауза за ручек во еден од многубројните ресторани уживајќи во вкусната италијанска кујна... Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Ноќевање.
Програма на карневалот:
09:00 – 17:00 ч. Ревија на карневалски костими на плоштадот Свети Марко
12:00 ч. “Лет на ангелот“ од камбанаријата Свети Марко
14:30 ч. Натпревар за костими на плоштадот Свети Марко
15:00 ч. Карневал на островот Бурано

20.Февруари (понеделник) ВЕНЕЦИЈА - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно претпладне за индивидуални прошетки. Попладне трансфер до аеродромот Марко Поло. Лет за Скопје W6 7752 во 15:35ч. Пристигнување во Скопје во 17:15 часот.
Програма на карневалот:
09:00 – 17:00 ч. Ревија на карневалски костими на плоштадот Свети Марко
11:00 ч. Натпревар за костими на плоштадот Свети Марко

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Авионски превоз на релација: Скопје - Венеција - Скопје (со Wizz Air) со вклучени аеродромски такси.
- Сместување во хотел *** во Венеција/Маргера, на база 3 ноќевања со појадок
- Панорамски разглед на градот Венеција со локален водич (доплата за јавен превоз Маргера -Венеција- Маргера)
- Рачна торба торба (20x40x30cm), максимум 8кг.
- Oрганизирани трансфери во Венеција: аеродром - хотел - аеродром
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Здравствено - патничко осигурување 140мкд или 200мкд со Ковид покритие
- Факултативен разглед на Мурано, Бурано и Торчело 40€ (превоз и водич на брод)
- Туристичка такса: Хотел 3* - околу 2€ по лице / ноќевање, се наплатува на рецепција.
- Пријавен багаж до 20кг – информација во агенција
- Пријавен багаж до 32кг – информација во агенција
- Билети за јавен превоз со автобус или железница
- Влезници за културно-историските споменици

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
- За реализација на факултативните екскурзии потребен е минимум од 15 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

Информации за факултативната екскурзија - еднодневно патување во северната лагуна и посета на Мурано, Бурано и Торчело.
Прво застанување е во "стаклениот остров" - Мурано, познат низ светот по уметноста за производство на стакло. Тука ќе имате можност да посетите работилница за правење на стакло, каде што има демонстрацијата и преглед на техниката на дување на стакло. (на островот се останува 1 час и 15 минути)
Потоа, турата продолжува кон Бурано, познат низ целиот свет по изработката на врвки и по светло обоените рибарски куќи. Ќе имате можност да прошетате низ улиците и да погледнете одблиску како се везат рачно изработени производи од тантела. Во Бурано се пристигнува околу ручек, па имате можност да изберете некој од типичните рибни ресторани за брз ручек или да си купите нешто од продавниците за рачна изработка на тантела. (на островот се останува 1 час и 30 минути)
Последен остров кој се посетува во оваа тура е островот Торчело, првиот центар на цивилизацијата во овој дел. На овој остров ќе ги погледнете најстарите цркви во лагуната и ќе откриете како настанала Венеција. (на островот се останува 1 час и 15 минути)
При враќање од островите се поминува целата лагуна на Венеција.

🇫🇷🗼❤️ПАРИЗ - Јануари ❤️🗼🇫🇷🛌4 ноќевања🍝Појадок✈️Вклучен авион💶Цена на аранжманот во претпродажба: 429 € (26.598,00 мкд)Па...
20/12/2022

🇫🇷🗼❤️ПАРИЗ - Јануари ❤️🗼🇫🇷

🛌4 ноќевања
🍝Појадок
✈️Вклучен авион
💶Цена на аранжманот во претпродажба: 429 € (26.598,00 мкд)

Париз – “градот на светлината” со право го носи овој епитет. Со својата единствена архитектура, големите плоштади и старите знаменитости претставува еден од најкомплетните градови на cветот. Градот на модата, француските револуции, богат со историја и култура. На секое споменување на неговото име, никој не останува рамнодушен...

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

17.jануари (вторник) СКОПЈЕ – ПАРИЗ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:30 часот. Полетување за Париз во 06:40 ч. Пристигнување во Париз на аеродромот “Боувез” во 09:45 часот. Трансфер и панорамски разглед на градот: Париската опера, плоштадот Вандом, црквата Мадлена, музејот Лувр, Kралската палата, центарот Бобур, плоштадот Конкорд, Градската куќа, плоштадот Бастиља, катедралата Нотр-Дам на островото Сите, универзитетот Сорбона, Пантеонот, Домот на Инвалидите, Трокадеро, Ајфеловата кула, Марсовите полиња, Триумфалната порта, Елисејските полиња... слободно време за индивидулани активности и прошетки, Ноќевање.

18.jануари (среда) ПАРИЗ - ДИЗНИЛЕНД
Појадок. Можност за факултативна посета (првоз со градска железница) до најголемиот забавен парк за возрасни и деца во Европа – ДИЗНИЛЕНД. Европскиот Дизниленд е посветен на децата и оние кои што знаат да се радуваат како деца, со надеж дека ќе биде извор на среќа и инспирација за целиот свет. Вoлт Дизни студиото е посветено на безвременската фасцинација и приврзаност кон киното и телевизијата. Дизниленд во Париз се состои од два парка, Дизниленд Парк и Валт Дизни Студио Парк, како и шопинг област. Во шопинг зоната има продавници, ресторани, бутици...Враќање во Париз. Ноќевање.

19.jануари (четврток) ПАРИЗ - ВЕРСАЈ
Појадок. Полудневен факултативен излет во Версај – еден од најлуксузните кралски дворци во Европа изграден во XVII век, кој е воедно и последната резиденција на француските кралеви... Дворецот бил седиште на француската монархија и центар на моќта од 1682 год. кога Луј XIV се преселил од Париз во Версај, па се додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз поради Француската револуција. Посета на апартманите на кралот и кралицата, салата на огледалата...Слободно време за шопинг низ познатата улица Риволи, галеријата “Lafayette”. Навечер, можност за индивидуална посета на “спектакл“ програма во познатите кабареа во Париз “Moulin Rouge”, “Crazy Horse” и други. Ноќевање.

20.jануари (петок) ПАРИЗ – Лувр / Ајфелова Кула / Крстарење по Сена
Појадок. Mожност за факултативна посета на најголемиот и најпосетен музеј во светот – Лувр. Во музејот се чуваат едни од најпознатите уметнички дела на светот: Мона Лиза од Леонардо Да Винчи, Венера од островот Милос, Крилестата победа “Nike” од Самотраки, “Сплавот на медузата”... како и голем број на познати слики од Рембрант, Рубенс, Титијан, Пусен... (одење и враќање со метро). Можност за индивидуални прошетки и посети низ центарот на Париз: Катедралата Нотр Дам, Латинската четврт, Луксембуршките градини, или уметничкиот кварт Монтмартр со катедралата Сакр Кер, од каде се пружа прерасен поглед на Париз... прошетката може да продолжи низ квартот Пигал, каде се наоѓа и познатото кабаре “Мулен Руж”. Факултативна посета на Ајфеловата кула – симболот на Париз (изградена за светската изложба во 1889 год.). Единствената прилика да се види прекрасната панорама на Париз од врвот на Ајфеловата кула. Факултативно вечерно крстарење по реката Сена. Романтично пловење со брод и прекрасните звуци на француската шансона, додека се набљудува панорамата на градот од една друга перспектива. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

21.jануари (сабота) ПАРИЗ – СКОПЈЕ
Појадок. Рано наутро трансфер до аеродромот “Бовез”. Лет за Скопје во 10:20. Пристигнување во Скопје во 13:00ч.

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Авионски превоз на релација: Скопје - Париз - Скопје (со Wizz Air)
- Аеродромски такси
- Организирани трансфери со автобус во Париз на релација: аеродром - хотел – аеродром
- Сместување во хотел Ibis La Defence***, на база 4 ноќевања со појадок,
- Туристичка такса за сместување
- Организиран панорамски разглед на Париз
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Посета со влезница за Ајфелова кула, влезница (17€-27€)
- Kрстарење по Сена, билет (16€)
- Посета на Лувр, резервација, влезница и придружба: (20€) *уплата при продажба
- Посета на Версај превоз, резервација, водич и влезница: (75€) *уплата при продажба
- Превоз со метро
- Посета на забавниот парк Дизниленд.
- Патничко здравствено осигурување
- Доплата за еднокреветна соба - 160 €
- Голема кабинска торба (55x40x23), максимум 10кг или чекиран багаж 20кг, информации во агенција.

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош со важност најмалку 3 месеци.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на
тргнување
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

🎄🎅🎡БОЖИЌНО СЕЛО - ТРИКАЛА🎡🎅🎄➡️💶ЦЕНА:  1600 ден.➡️💶Деца од 04-12 години: 1300 ден.➡️1️⃣Поаѓање во 04:30 часот (собирање н...
12/12/2022

🎄🎅🎡БОЖИЌНО СЕЛО - ТРИКАЛА🎡🎅🎄

➡️💶ЦЕНА: 1600 ден.
➡️💶Деца од 04-12 години: 1300 ден.

➡️1️⃣Поаѓање во 04:30 часот (собирање на група во 04:00 од паркинг наспроти Скопски саем кај хотел Вип). Патувањето води кон граничен премин Богородица. Пауза за царински формалности и одмор. Парк кој никој не остава рамнодушен. Барем на еден ден дозволете си да бидете во светот на фантазијата и почувствувајте го новогодишниот амбиент во Божиќното село во градчето Трикала. Прекрасни празнични декорации, волшебна атмосфера, забава за големи и мали, вкусни искушенија, лизгање на мраз, возење со воз..... Вашите најмили ќе можат да ја посетат куќата на Дедо Мраз, да се фотографираат со џуџињата, да цртаат, да прават леб, да видат како се прави чоколадото, да ги вкусат традиционалните колачиња. Ве очекуваат незаборавни моменти исполнети со многу изненадувања, забава и среќа…Тргнување од Трикала во 19:00 часот, пристигнување во Скопје околу полноќ.

➡️✅Во цената на аранжманот е вклучено :
- превоз со туристички автобус
- организирана посета на Трикала и Божиќниот парк
- водство и организација на програмата со лиценциран придружник

➡️❌Во цената не е вклучено:
- патничко осигурување

➡️ТЕРМИНИ:
📆11.12.2022
📆18.12.2022
📆25.12.2022

❗️НАПОМЕНА!
За реализација на аранжманот се потребни минимум 45 патници.

➡️Инфо и резервации
📞076/350-669
📧[email protected]
📍ул.8-ми Септември бр.55/13 Велес

28/11/2022
🇦🇹🎢❤️Нова година во Виена❤️🎢🇦🇹 🛌2 ноќевања🍴Појадок➡️💶ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 15.11.2022: 159 € / 9.860 денари➡️💶...
23/11/2022

🇦🇹🎢❤️Нова година во Виена❤️🎢🇦🇹
🛌2 ноќевања
🍴Појадок
➡️💶ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 15.11.2022: 159 € / 9.860 денари
➡️💶РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 179 € / 11.100 денари

🇦🇹🎄Виена за време на Новогодишните празници нуди прекрасна програма со возбуда во текот на денот
и ноќта. На 31-ви Декември, стариот град на Виена центарот го претвора во огромна забавна зона.
Најголемата забава е загарантирана на Патека на Нова Година по чијашто должина десетици
гастрономи Ви служат пунч и разни специјалитети. Виена украсена со хумористични забави, шоу
програми, валцер, музика од секаков жанр, пловење по Дунав претставува вистинско уживање.

➡️ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

➡️1️⃣1 ден 29.12.2022 Скопје – Виена
Состанок со групата во 14.30 ч. на паркингот пред спортска сала Борис Трајкоквски, поаѓање за
Виена во 15:00ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други
царински формалности.

➡️2️⃣2 ден 30.12.2022 Виена
Пристигнување во Виена во предпладневните часови. Посета на OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF.
Слободно време за шопинг. Патувањето продолжува кон Виена. Сместување во хотел. Слободно
попладне за одмор. Слободно време за индивидуални прошетки и уживање во предновогодишната
атмосфера низ украсените улици на Виена. Ноќевање.

➡️3️⃣3 ден 31.12.2022 Виена
Појадок. После појадокот факултативно заминуваме на панорамски разглед на градот со локален
водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската
палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург…
Слободно време за индивидуална прошетка во центарот на Виена. Новогодишната магија се
чувствува на секој агол. Враќање во хотел и слободно време за одмор и припреми за дочекот на
Новата Година. Вечерта трансфер со автобус до центарот на Виена за дочек на Нова Година 2023 –
плоштад РАТХАУС (Rathaus Wien). Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

➡️4️⃣4 ден 01.01.2023 Виена
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“
(факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка
резиденција, кој е изграден 1700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на
многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф).
После тоа, слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Во договорено време,
факултативна посета на Дунавската Кула. Поаѓање кон Скопје во вечерните часови со попатни паузи
за одмор.

➡️5️⃣5 ден 02.01.2023 Скопје
Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

➡️✅Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус
- Сместување во хотел 3* на база 2НП
- Професионален туристички придружник за време на целото патување
- Посета на шопинг центар ПАРНДОРФ
- Организација и реализација на програмата

➡️❌Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Влезница за дворецот Шенбрун – 50€ – (влезница + локален водич + превоз)
- Разглед на Виена со локален водич – 15€
- Дунавска Кула – 25€
- Доплата за избор на седиште во автобус 10€
- Задолжително патничко осигурување – 175 ден
- Туристичка такса 2 €по лице на ден
- Доплата за еднокреветна соба 4.340 ден
- Индивидуални трошоци и се што не е наведено во програмата

❗️НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10
дена пред поаѓање
- За уплати на “early booking” потребна е уплата 30% од вкупната сума на аранжманот
- Попустите не се комбинираат
-Останатите услови на патување важат според годишниот програм
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди час и место на поаѓање.

🇬🇷🏛💙Нова година во Атина💙🏛🇬🇷 🛌2 ноќевања🍴Појадок➡️💶Цена на аранжманот: 139 € (8.618,00 мкд) *** со вклучени 2 разгледи➡️...
23/11/2022

🇬🇷🏛💙Нова година во Атина💙🏛🇬🇷
🛌2 ноќевања
🍴Појадок
➡️💶Цена на аранжманот: 139 € (8.618,00 мкд) *** со вклучени 2 разгледи

➡️ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

➡️1️⃣30.декември (петок) СКОПЈЕ - АТИНА
Состанок на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 20:30 часот. Поаѓање кон Грција во 21:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.

➡️2️⃣31.декември (сабота) АТИНА
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака... Сместување во хотел. Вечерта, можност за индивидуално присуство на Новогодишната прослава на Атинскиот плоштад “Синтагма„ или пак факултативно - на Новогодишна вечера во таверна на Плака, со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.

➡️3️⃣01.јануари (недела) АТИНА - СУНИОН - ПИРЕА
Појадок. Заминување од хотелот и Атина, со претпладневна прошетка покрај Аполоновиот брег на Атика: летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени... рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат над самиот рт’ во слава на богот Посејдон. Во враќање посета на Пиреа (едно од најголемите пристаништета на Медитеранот), како и на нејзините познати марини. Враќање во Атина. Ноќевање.

➡️4️⃣02.јануари (понеделник) АТИНА - ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница - продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина во доцните попладневни часови. Заминување кон Македонија околу 18.00 часот. Ноќно возење со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

➡️✅Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
- Панорамски разглед на градот со локален водич
- Организиран разглед Сунион - Пиреа
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

➡️❌Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Туристичка такса 1,5 € по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
- Факултативна Новогодишна вечера во национален ресторан 75 €
- Влезници за музеите и културно-историските споменици
- Организиран разглед на Пелопонез и Арголида 35 €
- Патничко здраствено осигуривање
- Доплата за еднокреветна соба 50 €

❗️НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

🍝🍕🇮🇹Нова година во Рим🇮🇹🍕🍝 🛌4 ноќевања🍴Појадок➡️💶Цена на аранжманот во претпродажба:➡️💶Basic – основен пакет со 1 разгле...
23/11/2022

🍝🍕🇮🇹Нова година во Рим🇮🇹🍕🍝
🛌4 ноќевања
🍴Појадок
➡️💶Цена на аранжманот во претпродажба:
➡️💶Basic – основен пакет со 1 разглед = 499 € (30.938,00 мкд)
➡️💶Superior - пакет со вклучени 3 разгледи = 559 (34.658,00 мкд)
➡️💶Premium - пакет со вклучени сите разгледи = 609 € (37.758,00 мкд)

➡️Програма на патувањето:

➡️1️⃣28.декември (среда) СКОПЈЕ - РИМ
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 17:15 часот. Лет за Рим W6 7757 во 19:15ч. Пристигнување во Рим во 21:00часот. Трансфер до хотелот Сместување и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

➡️2️⃣29.декември (четврток) РИМ (Римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил)
Појадок. Панорамско разгледување на градот: Виа Венето, паркот Вила Боргезе, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Колосеумот, мостовите на Тибар, црквата Св. Петар, Аурелијанските ѕидини на градот Рим... Можност за факултативна прошетка низ Рим со метро и посета на катедралите Сан Џовани Латерано, Санта Марија Маџоре, црквата Сан Пјетро ин Винколи, прошетката продолжува покрај Колосеумот (мала пауза за фотографирање) до црквата Сан Клементе каде ќе ги посетиме капелата и гробот на Св. Кирил...Вечерта препорачуваме прошетка низ познатиот боемски кварт Трастевере: Црквата Св.Марија ин Трастевере, посета на единствениот остров на Тибар, каде во минатото се појавила и првата Римска Населба. На островот можете да ја посетите црквата Св. Бартоломеј. Слободно време за вечера во некој од многубројните традиционални италијански ресторани во Трастевере.Ноќевање.

➡️3️⃣30.декември (петок) РИМ - ВАТИКАН - НАВОНА
Појадок. Факултативна посета на Ватикан, еден од најголемите музејски комплекси во светот каде се изложени многубројни уметнички дела собрани од Римокатоличката црква низ вековите. Основач е папата Јулиј II во 1506г. Посета на Сикстинската капела, Ватиканските музеи, Рафаеловите соби, црквата Св.Петар... По разгледот, препорачуваме прошетка покрај Замокот на Ангелите и преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, изграден врз темелите на Стадионот на Доминицијан од 1ви век. Познат и како уметничка четврт на Рим, плоштадот Навона е гордоста на барокот на градот Рим со скулптури и архитектонски дела од Џан Лоренцо Бернини и познатата фонтана Fontana dei Quattro Fiumi. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Попладне ви препорачуваме прошека по познатата Виа Дел Корсо (најпознатата шопинг улица), посета на фонтаната di Trevi, пред да продолжите понатаму незаборавајте да фрлите паричка, за да го обезбедите вашето враќање во Вечниот град. Имајте пријатна кафе пауза покрај познатите Шпански скали. Ноќевање.

➡️4️⃣31.декември (сабота) РИМ – ТИВОЛИ
Појадок. Факултативна посета на местото Tиволи. Прекрасната Villa D’Este и нејзината градина се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите Европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Прослава на Нова Година на некој од градските плоштади. Ноќевање.

➡️5️⃣01.јануари (недела) РИМ - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно утро за индивидуални прошетки. Попладне трансфер до аеродромот во Рим. Лет за Скопје W6 7758 во 16:15ч. Пристигнување во Скопје во 18:00 часот.

➡️🧳РАЗГЛЕДИ И ПОСЕТИ - ПАКЕТОТ ВКЛУЧУВА/НЕ ВКЛУЧУВА:

- Организиран панорамски разглед на Рим:
BASIC √ (вклучено) | SUPERIOR √ (вклучено) | PREMIUM √ (вклучено)
- Посета на римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил (без метро карта и влезница):
BASIC (доплата 20€) | SUPERIOR √ (вклучено) | PREMIUM √ (вклучено)
- Посета на Ватикан (со метро): резервација, слушалки, локален водич и влезница:
BASIC (доплата 50€) | SUPERIOR √ (вклучено) | PREMIUM √ (вклучено)
- Посета на Тиволи со превоз, локален водич и влезница:
BASIC (доплата 55€) | SUPERIOR √ (доплата 55€) | PREMIUM √ (вклучено)

➡️✅Во цената е вклучено:
- Авионски превоз на релација: Скопје - Рим - Скопје (со Wizz Air) со вклучени аеродромски такси.
- Сместување во хотел *** од групацијата на http://raelihotels.it, на база 4 ноќевања со појадок
- Панорамски разглед на градот Рим со локален водич
- Рачна торба торба (20x40x30cm), максимум 8кг.
- Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром - хотел - аеродром
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

➡️❌Во цената не е вклучено:
- Здравствено - патничко осигурување 164мкд или 241мкд со Ковид покритие
- Туристичка такса: Хотел 3* - 4€ по лице / ноќевање, се наплатува на рецепција.
- Пријавен багаж до 20кг – информација во агенција
- Пријавен багаж до 32кг – информација во агенција
- Доплата за 1/1 соба – 130€
- Билети за превоз со метро 1,5€ по правец / 7€ дневен билет
- Влезници за културно-историските споменици

❗️НАПОМЕНА:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

Address

Veles
1400

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Maltini Travel posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Maltini Travel:

Share

Category