Turisticka Agencija Martin

Turisticka Agencija Martin Туристичка агенција МАРТИН поседува А-Лиценца
Телефон:043/22-22-55,078/38-38-03
Адреса:Борис Трајковски бр.18

Туристички аранжмани,организирани екскурзии,авионски билети,автобуски карти,хотелски резервации,патничко осигурување,внатрешен и меѓународен превоз на патници

26/05/2020
26/05/2020
21/05/2020

Се согласувате ли со прошетките ? Тагнете некој роден во Август 😁😁😁

20/05/2020

🔵Автобуските линии Велес-Скопје-Велес ќе се обраќаат со тргнување од Автобуска станица Велес во 06:30 и 06:55 и враќање од Скопје 16:20 и 16:50 часот од Понеделник до Петок
Дополнителни информации : 043/211-432 Автобуска станица

🔵Градскиот превоз се одвива од 06:00 до 18:00 часот,а во Сабота од 06:00 до 18:00 часот

🔵Пан-Такси работи од 06:00 до 18:00 часот,а во Сабота од 06:00 до 18:00 часот
Тел:043/222-192 ;070/222-192 ;075/222-192
[email protected]

🔵Мартин Травел работи од Понеделник до Сабота од 09:00 до 15:00 часот
[email protected] или 043/22-22-55

14/05/2020

Ручек на небото во Дубаи 😅.Дали би пробале и вие вакво нешто? 😁😁😁

13/05/2020

Појадок со поглед 😍😍😍

11/05/2020

СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО ПАНДЕМИЈАТА НА ВИРУСОТ COVID-19
Почитувани патници,

Имајќи ја предвид моменталната состојба на прогласена пандемија и прогресивно ширење на коронавирусот (COVID-19), согласно донесените времени мерки и Уредби на Владата, како и препораките на Стопанската комора за туризам на Македонија, ги објавуваме следните информации за статусот на објавените туристички аранжмани и услуги, за престојните патувања во текот на 2020 година.

Поради ограничувањата во патувањето на граѓаните, затворањето на аеродромите, како и објектите за сместување на неопределен период, се откажуваат сите аранжмани поради неможност да се реализираат под објавените услови (планирани термини на патување, период на престој или објект на престој).

По завршување на вонредната состојба и нормализирање на условите за патување од земјата и условите за влез и престој во дестинациите на патување, MAРТИН ТРАВЕЛ под нови услови ќе ги објави програмите – пакет аранжмани за Лето 2020 година, за сите или за дел од претходно објавените дестинации.
На патниците кои имаат уплатено аранжмани пред воведувањето на вонредната состојба, ќе им биде издаден “вредносен ваучер” на уплатениот износ за туристичкиот аранжман кој ќе може да го искористат за друг пакет аранжман од понудата на организаторот на патувањето.
На патниците кои имаат уплатено аранжмани со попуст за одредени дестинации и нема да подигнат вредносен ваучер, доколку биде во можност МАРТИН ТРАВЕЛ ќе понуди нови договори по истите цени за истите или други термини и дестинации, кои ќе важат по нормализирање на условите за патување и според новите услови на објавените програми за тој период.

За сите направени индивидуални резервации за: хотели/апартмани, “city break” програми и авио билети, ќе се применуваат условите кои давателите на услугите ќе ги понудат на корисниците на истите, согласно мерките и препораките на Владите на земјите во кои треба да се реализира уплатениот аранжман.

Информациите дадени во ова соопштение се однесуваат и на сите останати патници, кои имаат уплатени туристички аранжмани за пролетни патувања кои беа предвидени за реализација пред прогласувањето на вонредната состојба, како и за сите веќе откажани патувања во време на траењето на вонредната состојба (од 16 март 2020 година).
Владата, на ден 24.03.2020 година донесе Уредба со законска сила за примена на законот за туристичката дејност за време на траење на вонредната состојба (Службен весник на РСМ, бр. 80 од 27.03.2020 година). Уредбата упатува на издавање на ваучери од страна на туристичките агенции за патниците, во случај на откажување на аранжманите од страна на туристичките агенции.

За таа цел, врз основа на примена на одредбите од Уредбата и врз основа на мислењето дадено од страна на Министерството за економија – сектор за туризам и угостителство, во продолжение ви ги презентираме условите и начинот за подигнување и користење на ваучерите.

Сите туристички агенции кои ги имаат откажано своите аранжмани за време на траење на вонредната состојба се должни да издадат нов ваучер на корисникот (патникот) на туристичкиот аранжман.
Ваучерите ќе се издаваат во три примероци, со рок на важење најдоцна до 31.12.2021 година. (еден примерок од Ваучерот ќе се достави и до Министерството за економија, за потребната евиденција).
Начинот на издавање на Ваучерите ќе се реализира во согласност на двете страни. Односно, туристичката агенција-организатор на аранжманот или овластената туристичка агенција за продажба (од една страна) и корисникот на ваучерот-патникот (од друга страна), ќе се договорат за: дестинацијата, терминот на реализација и времетраење на аранжманот.
Издадениот ваучер патникот ќе има можност да го искористи за аражмани достапни во понудата на туристичката агенција (организатор на аранжманот).
Вредноста на ваучерот ќе биде во истот износ колку што била уплатата за аранжманот, а кој е откажан поради вонредната состојба.
Ваучерите кои ќе бидат издадени од страна на туристичките агенции, патниците ќе можат да ги подигнат лично во туристичките агенции каде имале извршено резервација и уплата на аранжманот, или по барање на патникот истиот ваучер може да им биде испратен по електронски пат (e-mail).
Ваучерите кои ќе бидат издадени на име на патникот кој ja извршил резервацијата и уплатата, би можеле да бидат преносливи, односно Ваучерот може да се искористи и од страна на друг патник по претходен договор меѓу патникот и туристичката агенција.

Линк до соопштението : https://bit.ly/2SWTwV3

Ви посакуваме добро здравје со надеж дека што поскоро ќе можеме повторно безгрижно да патуваме.

За подетални информации контактирајтé не на емаил [email protected] или 043/22-22-55

26/04/2020

Музика: Мајкл Џексон и Лајонел Ричи Текст: Огнен Неделковски Аранжман: Стојанче Иванов и Оливер Тевчев Изведувачи: Дејан Попов, Стефани Алчева, Трајче Бондиќ...

23/04/2020

Почитувани патници ‼
Поради новите мерки на Владата имаме промени во автобуските линии започнувајќи од 27.04.2020 (Понеделник)

🔵Автобуските линии Велес-Скопје-Велес ќе се обраќаат со тргнување од Автобуска станица Велес во 06:30 и 06:55 и враќање од Скопје 16:20 и 16:50 часот од Понеделник до Петок
Дополнителни информации : 043/211-432 Автобуска станица

🔵Градскиот превоз се одвива од 06:00 до 18:00 часот,а во Сабота од 06:00 до 14:00 часот

🔵Пан-Такси работи од 06:00 до 18:00 часот,а во Сабота од 06:00 до 14:00 часот
Тел:043/222-192 ;070/222-192 ;075/222-192
[email protected]

🔵Мартин Травел работи од Понеделник до Петок од 09:00 до 15:00 часот
[email protected] или 043/22-22-55

Согласно препораките од Министерството за здравство,Ве информираме дека сите наши возила и простории се дезинфицираат секојдневно

Патувајте само доколку тоа е неодложно.
Здравјето пред се !
Со почит
Пан-Промет

Address

Борис Трајковски бр. 18
Veles
1402

Opening Hours

Monday 09:00 - 20:30
Tuesday 09:00 - 20:30
Wednesday 09:00 - 20:30
Thursday 09:00 - 20:30
Friday 09:00 - 20:30
Saturday 09:00 - 20:30

Telephone

+38943222255

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Turisticka Agencija Martin posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Turisticka Agencija Martin:

Share

Category