Туристички рути од ФТБЛ

  • Home
  • Туристички рути од ФТБЛ
Directions

Туристички рути од ФТБЛ Дознајте повеќе за помалку познатите дестинации во нашата прекрасна земја. Овозможено од ФТБЛ при УГД

Локалитет Вардарски Рид - археолошко наоѓалиште во средишниот дел на Долното Повардарие или Амфакситида, како што се нар...
08/06/2023

Локалитет Вардарски Рид - археолошко наоѓалиште во средишниот дел на Долното Повардарие или Амфакситида, како што се нарекувал овој регион во антиката. Амфакситида го зафаќа појасот долж двете страни на реката Вардар, од Демир Капија до морето или до висина на античката македонска престолнина Пела, до каде што во минатото навлегувал тесен залив на Егејското Море.
Првите археолошки наоди од Гевгелиско претставуваат поедини бронзени форми накит од VII и VI век пр. н.е. од наоѓалиштата Раул и Рид (најверојатно Вардарски Рид). Овие наоди, најверојатно прилози од растурени гробови, во 1917 г. Рафаел Попов ги прибрал и ги пренел во Софија каде и денес се чуваат во Археолошкиот музеј.
Во 1979 година беа вршени сондирања од страна на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј, Скопје додека во 1984 г. сондирања од Народниот музеј од Гевгелија. Истражувањата во првите години беа вршени во рамки на заедничкиот проект на Музејот на Македонија, Скопје и Тексашката фондација за археолошки истражувања од Хјустон. Истражувањата беа концентрирани на два сектори, Сектор “Јужна Тераса” и Сектор „Акропола“ Во текот на тие почетни истражувачки кампањи беа преземани и поедини контролни сондирања на неколку различни места на наоѓалиштето. Од 1998 до 2000 година истражувањата беа продолжени на истите сектори, но во рамки на нов научно - истражувачкиот проект, на Филозофскиот факултет, Скопје и Музејот на Македонија, Скопје. Од 2001 година истражувањата се концентрирани на нов пункт - во Секторот „Источна Тераса“. Истражувањата во овој сектор беа наложени од резултатите на т.н. заштитни археолошки ископувања изведени во 1999 година, со кои беше овозможено отсекување на целата североисточна периферија на наоѓалиштето во служба на изградба на новиот автопат за Р. Грција. Истражувањата во Секторот „Источна Тераса“ сè уште траат.

Зелен Брег (2166 m) е највисок врв на планината Кожуф. Се наоѓа во средишниот дел на планината, југоисточно од с. Конопи...
07/06/2023

Зелен Брег (2166 m) е највисок врв на планината Кожуф. Се наоѓа во средишниот дел на планината, југоисточно од с. Конопиште (Кавадаречко). Врвот Зелен Брег е заоблен, лесно пристапен и покриен со високопланински пасишта. Кон југ се протега одличен и восхитувачки панорамски видик кон острите ограноци на Кожуф и кон Солунско Поле.
Околу шест часа планинарење со паузи се потребни за од месноста Аџибарица, над Смрдлива Вода, Гевгелиско, да се стигне пеш до Зелен брег, највисокиот врв на планината Кожуф и назад. На 2.172 метри надморска височина, вистинско задоволство е да се биде дел од една таква планинска авантура. Планинскиот бисер на југот од земјата ги освојува симпатиите на сите оние кои барем за миг биле сведоци на неговите убавини. Љубителите на природата уживаат во дивината и целосно се препуштаат во прегратките на магијата и мистеријата на Кожуф. Зелен брег претставува атракција сам по себе. Таму просто ти се чини дека облаците се на дофат на раката.
Легендата вели дека во минатото имало тука некој овчар со стадо, имал и син. Снемале леб и детето заминало дома по леб, долу во селото. Мајка му му дала се што треба и храна и вода, а му рекла да си го земе и кожуфчето. Не го сакам, рекло момчето, топло е. Арно ама среде пат го фатило многу студено време, а тој само повторувал ех, кожуфчето сега каде ми е. Така настанало името на планината Кожуф.

Двете УшиДвете уши е најпознатиот врв на Кожуф планина и е симбол на градот Гевгелија и е дел од грбот на градот. Името ...
06/06/2023

Двете Уши
Двете уши е најпознатиот врв на Кожуф планина и е симбол на градот Гевгелија и е дел од грбот на градот. Името доаѓа од обликот на овие два врва гледан од Исток.
Врвот Двете Уши е висок 1766м. За да го искачи овој врв имате неколку алернативни решенија и тоа со старт од с.Конско. Другата алтернатива е од туристичкиот локалитет Смрдлива Вода по патеката која води до Асан Чешма, а потоа до врвот Двете Уши, а има можност и од с.Серменин преку Штеј. Сепак, првите две патеки се најпознати за искачување на овој врв и планинарите тие ги користат најмногу.

Чичи Каја — планински врв во средишниот дел на планината Кожуф, сместен над туристичкото место Смрдлива Вода. Од него се...
06/06/2023

Чичи Каја — планински врв во средишниот дел на планината Кожуф, сместен над туристичкото место Смрдлива Вода. Од него се гледаат сите врвови на планината Кожуф.
Кожуф планина изобилува со интересни врвови, еден од нив е врвот Чичи Каја. Врвот Чичи Каја иако има скромна височина од 1767м. сепак карпестата конфигурација го прави грандиозен. Овој врв е впечатлив и уникатен па секој граѓанин од нашиот град Гевгелија кога ќе погледне кон Кожуф планина може да го препознае.
Патеката за искачување на врвот Чичи Каја започнува од месноста Смрдлива Вода и води низ асфалтен и шумски пат. Времетраењето за искачување на врвот е околу три и пол часа. Смрдлива Вода кој се наоѓа во пазувите на Кожуф планина на височина од 750м. Туристичкиот локалитет Смрдлива Вода е одалечен од Гевгелија на 24км. Следејќи ги маркациите и планинарските патокази ќе пристигнете до местото Асан Чешма кое се наоѓа на височина од 1350м. На ова место има извор со вода за пиење и од овде се продолжува кон врвот. Оваа патека, поточно делот од Смрдлива Вода до Асан Чешма не е погодна за секој, а посебно не за почетници бидејќи се поминува низ еден дел со нагло искачување а патеката е тесна и покриена со лисја.
Кога сте на врвот Чичи Каја погледот е фантастичен и во далечина се гледа нашиот град Гевгелија. Веднаш под врвот како да е под вашите нозе ја гледате Смрдлива Вода, а наоколу се гледаат врвовите на Кожуф почнувајќи од: Двете Уши, Мала Рупа, Ѕена и врв К – 92.
Патеката од Асан Чешма – врв Чичи Каја – Асан Чешма е со должина од 5,35км и висинска разлика за совладување од 420м. со што спаѓа во лесни патеки. Искачувањето на врв Чичи Каја е идеално за почетници и за сите оние кои сакат да го искусат чувството како е да се биде на врв од 1767м.и да се ужива во прекрасните погледи.

Илинска Планина со Илинска Црква и околинатаИлинска Планина или Пространска Планина е средновисока планина во западна Ма...
14/03/2023

Илинска Планина со Илинска Црква и околината

Илинска Планина или Пространска Планина е средновисока планина во западна Македонија со динарски правец на протегање од северозапад кон југоисток. Највисоки врвови се Лиска (1.909 м) и Старец (1.577 м). Се наоѓа помеѓу котлината Дебрца на запад, долината на реката Треска на север, Демир Хисар и долината на Беличка Река на исток. На југоисток продолжува во Плакенска Планина.

Планината Јакупица, со планинарски дом „Чеплес“ и околинатаЈакупица или Мокра Планина е планински масив во Централна Мак...
14/03/2023

Планината Јакупица, со планинарски дом „Чеплес“ и околината

Јакупица или Мокра Планина е планински масив во Централна Македонија. Составена е од повеќе планински делови: Караџица, Даутица, Голешница, Китка, Мумџица, Салакова Планина и други.
Планинскиот масив е настанат во терциерот, со раседнување. Јадрото е составено од гнајс и од кристалести шкрилци, а над нив се наоѓаат дебели слоеви на мезозојски варовници и доломити.
На планината се наоѓаат траги од ледената епоха, претставени преку циркови (две езера), валови и морени. Јакупица е богата со разновидна флора и фауна, пасишта, извори - врела и др.

Планината Плачковица и планинарскиот дом „Вртешка“ со околинатаСредновисока планина во источниот дел на Македонија. Најв...
13/03/2023

Планината Плачковица и планинарскиот дом „Вртешка“ со околината

Средновисока планина во источниот дел на Македонија. Највисока точка е врвот Лисец со височина од 1 754 м. Се издига помеѓу градот Радовиш и Струмичко-радовишката Котлина на југ и Кочанската Котлина на север, во правец северозапад-југоисток.

Address


Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Туристички рути од ФТБЛ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

  • Want your business to be the top-listed travel agency?

Share