05/05/2026
Богатата и внимателно осмислена програма беше остварена во Струга, Охрид и Вевчани и ги поврза професионалниот развој, дружбата и учењето преку искуство, тимската динамика и културните доживувања.
Централен дел на тридневната програма претставуваа интерактивните работилници и тематските сесии посветени на организациската култура и вредности, тимската соработка и комуникација, како и етиката и управувањето со конфликти. Преку низа практични вежби, групни активности и пленарни дискусии, учесниците имаа можност да ги унапредат комуникациските и организациските вештини, да ја зајакнат меѓусебната доверба и да развијат нови модели на соработка и заедничко решавање предизвици.
Професионалната организација и реализација на тим билдинг програми, корпоративни настани, едукативни патувања и специјализирани тимски работилници е една од главните области на Симпозион и Travel Today. Внимателно приспособени на потребите, профилот и целите на секој колектив овие настани водат кон подобрена комуникација, поголема доверба, посилна тимска поврзаност, долгорочен организациски развој и повишени перформанси во тимското функционирање. Прочитајте повеќе во официјалната објава.
Во периодот од 3 до 5 април 2026 година, во организација на Симпозион и со целосна логистичка поддршка од туристичката агенција Travel Today, беше исклучително успешно реал....