Agentur

Call Directions Website Contact the business

Agentur Нашата туристичка агенција се грижи за вашите незаборавни патувања

28/10/2026

Броиме денови до првиот снег. 🤗🩵

Свеж воздух на планина, утра на ски-стаза и вечери покрај огниште со топол чај — уште малку и сезоната почнува.🌟🤗🎿

Имате ли веќе некој план?

Вака изгледа нашето патување во Виетнам, ден по ден.🇻🇳🌟🗣️Единаесет календарски дена, осум хотелски ноќевања со појадок, ...
23/10/2026

Вака изгледа нашето патување во Виетнам, ден по ден.🇻🇳🌟

🗣️Единаесет календарски дена, осум хотелски ноќевања со појадок, меѓународни летови со Turkish Airlines преку Истанбул и два домашни лета со Vietnam Airlines — програма составена од искуството на нашите претходни три групи.

❤️Ден 1 · 23 април · Скопје – Истанбул
• Вечерно поаѓање од Скопје со летот TK1006 во 20:10, со пристигнување во Истанбул во 22:45. Таму следува поврзување за продолжување кон Ханој.

❤️Ден 2 · 24 април · Добредојдовте во Ханој
• Летот тргнува од Истанбул во 02:10 и слетува во Ханој во 15:40. Нè пречекува локалниот водич, а потоа следува трансфер до The Ann Hanoi, сместување, слободно време и ноќевање.

❤️Ден 3 · 25 април · Најубавото од Ханој
• По појадокот — разглед на комплексот на Претседателската палата, куќата на столбови на Хо Ши Мин и Пагодата на еден столб, како и посета на Храмот на литературата. Потоа прошетка низ Old Quarter и посета на Train Street со виетнамско кафе, според локалните правила за пристап и возниот ред. Ноќевање во Ханој.

❤️Ден 4 · 26 април · Ханој – Да Нанг

• По појадокот, трансфер до аеродромот и утрински лет од Ханој до Да Нанг со Vietnam Airlines. Следува разглед на Да Нанг и посета на пагодата Linh Ung, а потоа сместување во Naman Retreat — нашиот дом за следните четири ноќи. Слободно време и ноќевање.

❤️Ден 5 · 27 април · Ба На Хилс и Golden Bridge

• По појадокот заминуваме кон Ба На Хилс, каде меѓу зелените ридови се наоѓа Golden Bridge — прочуениот мост што го држат две огромни камени раце. Ручекот во ресторан во Ба На е вклучен. Попладне враќање во Naman Retreat, слободно време и ноќевање.

❤️Ден 6 · 28 април · Локални вкусови и Хои Ан

• По појадокот заминуваме кон кокосовата шума кај Хои Ан и возење со традиционалните кружни чамци. Потоа час по готвење со вклучен ручек и пешачки разглед на стариот град Хои Ан. Вечерта е слободна — за прошетки под фенерите, фотографии и вечера по сопствен избор. Враќање во договорениот термин и ноќевање во Naman Retreat.

❤️Ден 7 · 29 април · Цел ден за одмор во Naman
• Ден без брзање и без организирани разгледи. По појадокот — цел слободен ден за плажа, базен и одмор во сопствен ритам. Дополнителните хотел

22/10/2026

Виетнам за 30 секунди — а на нашето патување,11 дена што долго ќе се паметат.🇻🇳🥰

• Скопје – Истанбул
🗣️Патувањето почнува во петок навечер, веднаш после работа. Краток лет до Истанбул, а потоа право кон Азија.

• Ханој
🗣️Главниот град е првата средба со Виетнам — храмови стари со векови, тесни улички на Old Quarter и илјадници мотори што никогаш не застануваат. А на Train Street го пиете кафето додека возот минува буквално пред вас.

• Ба На Хилс
🗣️Над Да Нанг, меѓу зелените ридови, се наоѓа Golden Bridge — мостот што го држат две огромни камени раце. Еден од најпрепознатливите погледи во цел Виетнам, и уште поимпресивен кога ќе стоите на него.

• Хои Ан
🗣️Стариот град каде што времето тече поинаку. Преку ден кружни чамци низ кокосовата шума и час по готвење, а навечер улиците светат од фенери и реката се полни со мали светилки.

• Naman Retreat
🗣️Четири ноќи на плажа помеѓу Да Нанг и Хои Ан. Бамбусова архитектура, базени, море и цел ден само за одмор — без програма и без брзање.

• Сајгон
🗣️На крајот, Хо Ши Мин — градот со најмногу енергија во Виетнам. Палатата на обединувањето, Централната пошта, пазарот Ben Thanh и слободно време за шопинг пред враќањето дома.

🩵23.04 – 03.05.2027
🩵2.190€ по лице

Сите детали за прогр�

Трипати досега бевме во Виетнам со нашите групи. Четвртиот пат е пред нас — а ова е она што го научивме. 🇻🇳🌟Виетнам не с...
21/10/2026

Трипати досега бевме во Виетнам со нашите групи. Четвртиот пат е пред нас — а ова е она што го научивме. 🇻🇳🌟

Виетнам не се гледа, туку се доживува. 🤗

🗣️“Првиот пат програмата беше полна со тури и активности — уште малку, па ќе организиравме и разгледување во сон. Со секое патување ја филтриравме, сè додека не го најдовме вистинскиот баланс меѓу истражување, авантура и одмор.”

Секој град е приказна за себе.🩵

🗣️“Од симпатичниот хаос со илјадници мотори во Ханој, преку фенерите на Хои Ан, до Хо Ши Мин — виетнамскиот Њујорк. Таман ќе помислиш дека го виде најубавото, Виетнам повторно ќе те изненади.”

Некои моменти се поубави во сеќавањата отколку на Instagram.🤎

🗣️“Кафе на Train Street додека возот минува пред тебе, Golden Bridge со камените раце, смеата во кружните чамци. Фотографирајте — ама не заборавајте и да уживате.”

Оставете место во куферот.👀

🗣️”Сите пакуваат како за три различни одмори, а на крај носат исти три комбинации. А забораваат две работи: преносен полнач и празно место — телефонот се празни од сликање, куферот се полни од шопинг.”

И ураганот може да донесе нешто убаво.🌟

🗣️“На првото патување, во октомври 2024, нè фати ураган и четири часа не смеевме да излеземе од хотелот. Па целата група заврши на six-hands масажа — со шест раце истовремено. Тој спа-центар толку ни се допадна што оттогаш го посетуваме со секоја група.”

Четвртиот пат тргнуваме на 23 април 2027 — овој пат со вас. ✈️🧧❤️🌟

💙Пишете ни во порака или јавете се на +389 70317022.

🗣️Виетнам не се гледа — се чувствува.Во земја каде што животот се одвива на улица, секој велосипед е мала продавница. Цв...
20/10/2026

🗣️Виетнам не се гледа — се чувствува.

Во земја каде што животот се одвива на улица, секој велосипед е мала продавница. Цвеќе, мандарини, лепчиња, па дури и златни рипки во кесички — сè патува на две тркала, внимателно наредено, без брзање. Зад секој товар стои некој што станал пред изгрејсонце.

Тука се јаде на мали пластични столчиња на тротоар. Чинија супа, разговор со соседот, поглед кон улицата. Јадењето не е само оброк, туку повод да се застане и да се биде заедно. Дури и лепчето ‘бан ми’, наследено од француските пекари, тука станало нешто сосема свое.

Конусната шапка ‘нон ла’ се плете рачно, слој по слој од палмини листови. Во Хуе постојат шапки во кои меѓу слоевите се скриени стихови и цртежи — се гледаат само кога ќе ја подигнеш кон сонцето.

На северот, по оризовите тераси, жените од народот Хмонг го вејат оризот рачно, како што го правеле нивните баби. На југот, во делтата на Меконг, кога водата ќе се крене, се берат водните лилјани, а продавачите на пловечките пазари закачуваат по едно парче од својата стока на висок стап — за да се види оддалеку што продаваат.

Во селата со цвеќе, саксиите стојат над водата на дрвени скелиња, а меѓу нив се минува со чамец. На солените полиња работата почнува пред зори, пред сонцето да стане премногу силно. А децата сè уште шетаат по ливадите на грбот од биволот — животното што со векови е дел од секое семејство на село.

Виетнам е трпелив, вреден и топол. Земја каде што традицијата не стои во музеј, туку живее на улица, секој ден. Еднаш кога ќе го доживеете, нешто од него засекогаш останува со вас. 🤍

Виетнам 2027 🇻🇳 — групно патување, по четврти пат.🌟🥻🫕🗣️Трипати досега ги водевме нашите патници низ Виетнам. Оваа пролет...
19/10/2026

Виетнам 2027 🇻🇳 — групно патување, по четврти пат.🌟🥻🫕

🗣️Трипати досега ги водевме нашите патници низ Виетнам. Оваа пролет одиме повторно — и точно знаеме што го прави ова патување посебно.

Патувањето ги опфаќа Велики Петок, 1ви Мај и Велигденски Понеделник. 🤗🤎

Поаѓаме Петок навечер после работа, а се враќаме Понеделник наутро — па за 11 дена Виетнам ви требаат само 4 дена годишен одмор.

Четири места, четири сосема различни лица на Виетнам. 🤗

♥️Ханој со храмовите и старите улици, Да Нанг и Golden Bridge со огромните камени раце, Хои Ан со кружните чамци и фенерите навечер — и на крајот Сајгон, токму на 30 април, Денот на обединувањето.

8 ноќевања со појадок, во хотели што ги избравме внимателно. 🌟

• 2 ноќи во The Ann Hanoi, во срцето на Ханој.
• 4 ноќи во Naman Retreat — на плажа, со цел ден само за одмор.
• 2 ноќи во Harmony Saigon Hotel & Spa.

🩵Во цената се вклучени летовите со Turkish Airlines преку Истанбул, двата домашни лета со Vietnam Airlines, 8 ноќевања со појадок, сите трансфери, локални водичи на англиски јазик и влезниците според програмата.

🗣️Вклучени се и излетот до Ба На Хилс и Golden Bridge со ручек, возењето со кружни чамци, часот по готвење со ручек и разгледот на Хои Ан.

Цената е 2.190€ по лице во двокреветна соба.

🗣️Визата, патничкото осигурување и факултативните излети — делтата на Меконг и тунелите Cu Chi — не се вклучени во цената.

Местата во групата се ограничени. 🤗

Пишете ни во порака или јавете се на +389 70317022 за сите детали и резервации.

🗣️А во наредните денови — повеќе за програмата, искуства од нашите претходни три групи и сè што треба да знаете пред да тргнете.

Останете со нас. 🩵

16/10/2026

Вашата фирма заслужува нешто повеќе од уште еден состанок. 🤗🩵

Знаеме како оди — прво сите сакаат една работа, па друга, па трета. Датумите се менуваат, бројот на луѓе се менува, плановите се менуваат. И тоа е сосема во ред.

🗣️Ние ги средуваме сите тие промени наместо вас — од изборот на дестинација и хотел, до конференциска сала, превоз, вечери со жива музика и журка до доцна. Организираме и какви било активности по ваша желба — од спортски до забавни.

💙Вашиот тим треба само да се појави и да ужива.

🌟Пишете ни во порака или јавете се на +389 70317022 — заедно ќе го направиме тим билдингот што вашиот тим ќе го памети. 🤍

firma

Некои компании тим билдинг прават во сала за состаноци. Други — вака. 🌟🤗🤎          🇫🇷 Кинеската компанија Tiens однесе 6...
14/10/2026

Некои компании тим билдинг прават во сала за состаноци. Други — вака. 🌟🤗🤎



🇫🇷 Кинеската компанија Tiens однесе 6.400 вработени на четири дена во Франција. Резервираа 140 хотели во Париз, имаа приватна посета на Лувр и шоу во Moulin Rouge, а на плажата во Ница поставија Гинисов рекорд — реченица составена од луѓе, видлива од небото.

🗣️Повеќе прочитајте тука: https://www.euronews.com/2015/05/09/6400-chinese-employees-treated-to-record-breaking-french-holiday

🇹🇭 Infinitus однесе 12.700 вработени на шест ноќи во Бангкок и Патаја. За тоа им требаа 110 летови и 400 автобуски тури.

🗣️Повеќе прочитајте тука: https://www.ttgasia.com/?p=16914

🇪🇸 Индиската Casagrand секоја година ги носи вработените на патување — оваа година 1.000 луѓе во Барселона. Традицијата почнала во 2013 со само 50 луѓе во Сингапур.

🗣️Повеќе прочитајте тука: https://www.wionews.com/india-news/chennai-real-estate-company-rewards-1000-employees-with-all-paid-trip-to-spain-778001

🇪🇸 Британската Yolk Recruitment ги однесе сите свои 50-ина вработени на четири дена на Тенерифе. Не само најдобрите — сите, дури и оние што почнале со работа месец пред патувањето.

🗣️Повеќе прочитајте тука: https://www.npr.org/2022/02/09/1079586244/welsh-company-yolk-recruitment-staff-vacation

🇹🇭 А мала британска фирма со 11 вработени, наместо новогодишна забава во канцеларија, целиот тим го однесе на една недела во Пукет — затоа што ги исполниле целите пред рокот.

Не мора да сте 6.400. Доволно е да сте тим.🤗🩵🌟

Испратете го на шефот.👀😁

AGENTUR те носи — овој пат на Копаоник, заедно со Trust the Process 🤍🏔️Викенд што го организиравме со Trust The Process ...
13/10/2026

AGENTUR те носи — овој пат на Копаоник, заедно со Trust the Process 🤍🏔️

Викенд што го организиравме со Trust The Process во Grand Kopaonik , а испадна многу повеќе од тренинг.

🤎Деновите почнуваа со утрински тренинзи со поглед на планините, продолжуваа со спа и заслужен одмор, а слободното време го поминувавме во шетање, кафе и разговори без брзање. Навечер — пијачка, смеа и дружење до доцна 🥂. Дојдовме како група жени, си заминавме како друштво.

Големо благодарам на Zegin K-Beauty , кои на секоја од нас ѝ подарија мал поклон од нивните K Beauty производи 🫧, на Grand Hotel Kopaonik за гостопримството и на сите што беа дел од ова — енергијата беше неверојатна. 🤍

🗣️Сакате вакво патување за вашата група? Пишете ни во порака.

Амстердам — канали, велосипеди и кафулиња каде што секогаш е топло 🚲🍂✨• од 20.11.2026 до 23.11.2026• цена од 925 евра за...
09/10/2026

Амстердам — канали, велосипеди и кафулиња каде што секогаш е топло 🚲🍂✨

• од 20.11.2026 до 23.11.2026
• цена од 925 евра за двајца
• лет, хотел и воз до Амстердам

Ноември е месецот кога Амстердам е најмногу свој — без летната гужва, со топли кафулиња, музеи и прошетки покрај каналите, особено кога навечер ќе се запалат светлата на мостовите. 🌟🌟

💙Летот е до Ајндховен, а оттаму продолжувате со воз до Амстердам, кој е вклучен во цената.

🏷️ Во цената се вклучени две авионски карти со рачен багаж на релација Скопје – Ајндховен – Скопје, воз од железничката станица во Ајндховен до Амстердам и три ноќевања во избран хотел (само соба).

🗣️ Погледни го описот на следната слика за повеќе информации околу понудените хотели и цени.

1. Swissôtel Amsterdam 4★
• classic room twin, room only - 995€

2. Die Port van Cleve 4★
• cozy twin, room only - 925€

3. Hotel Nova 3★
• twin/double room, room only - 970€

🗣️Сите три хотели се во центарот, на неколку минути пеш од плоштадот Дам.

Цените се според моментална расположливост, а термините за Ноември брзо се пополнуваат.

Побрзајте ⭐️✈️🤗

Пишете ни порака во ДМ или јавете се на: +389 70317022.

Address

Ruzveltova 5a Lok. 7
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00
Saturday 09:00 - 14:00

Telephone

+38970317022

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Agentur posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Agentur:

Shortcuts

Share

Category

Nearby travel agencies