27/10/2026
🗓️ ИНТЕРВЈУ ЗА РАБОТА: 15 ЈАНУАРИ
🇺🇸 РАБОТНА ПОНУДА: Yellowstone, USA
Лето во првиот национален парк на светот? Може!
Xanterra Travel Collection – Yellowstone National Park Lodges бара македонски студенти за летната сезона преку програмата Work and Travel.
Гејзери, топли извори, планини, реки, диви животни и над 1.600 km пешачки патеки ќе ти бидат секојдневие.
ПОЗИЦИИ
Hospitality Crew
Работа во кујна (миење садови, подготовка и сервирање храна) или домаќинство (чистење хотелски соби). Распоредот го добиваш на почетокот на сезоната, зависно од потребите.
Плата: 15,70 $/час
Работно време: 32 часа неделно, а над 40 часа се плаќа прекувремено (23,55 $/час)
Server Assistant
Помош на келнерите: поставување и чистење маси, послужување пијалаци и храна, одржување на салата.
Плата: 8 $/час + бакшиш
Работно време: 32 часа неделно, а прекувремено се плаќа 12 $/час
СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА
Сместувањето е обезбедено во студентски домови (2 до 4 лица во соба)
Струја, вода и интернет се без дополнителен трошок
Перална и постелнина се обезбедени
До работа одиш пешки околу 15 минути, без трошоци за превоз
Униформата е бесплатна (треба само свои црни неприлизгувачки чевли)
Сместувањето и оброците (во кафетерија за вработени) се одбиваат од платата, околу 240 $ на секои две недели (според износот за 2026, може да се промени), плус такса за медицинска клиника од 1,17 $ дневно.
И ПОВЕЌЕ ОД РАБОТА
Секое село организира излети, пешачења, филмски вечери, квизови и караоке, а во блиските градови те чекаат рафтинг, јавање коњи и родео. 🤠
КОГА?
Почеток: од 21 јуни до 27 јули
Крај: од 14 септември до 7 октомври
КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИШ?
Јави ни се на +389 78 5555 66 и обезбеди си место на интервјуто на 15 јануари. Бројот на места е ограничен!
Повеќе детали на naromtravel.com.mk/work-travel-usa
Доживеј го твоето најдобро лето!
Narom Travel – твојот пат кон Америка